Kодирање со Python & CoffeeScript

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
27 Апр 2024
Број на часови
60
Цена на курсот
15.600 МКД

Опис на обука

Во обуката преку трите програми од Cоdemonkey платформата – Game Builder, Banana Tales и Coding Chatbots децата учат за дизајн на игри, програмирање и креирање на игра и chatbot.

Game Builder – децата ја учат основата и концептите за дизајн на игри. Преку употребата на програмскиот јазик CоffeeScript ќе научат како да дизајнираат и да изградат онлајн игра. Програмата е составена од процес поделен во 3 фази, кој ги насочува учениците да станат креатори на компјутерски игри.

  • Platformer” – прва фаза - се учат основите на креирање и дизајн на игра, го усовршуват корисничкиот интрерфејс и механиките на играта вклучувајќи: keyboard events, timers, collide events итн.
  • Frogger” – втора фаза – децата учат како да креираат уникатна игра базирана на постоечката игра Frogger. Во оваа фаза тие ќе научат да контролираа интерфејси на таблети и телефони и ќе се воведат во програмирањето на мобилни игри.
  • Sprite Animations” - трета фаза - децата ќе научат да програмираат, дефинираат и применат слики, анимации и графички елементи во игра.

Banana Tales – децата ќе го користат програмскиот јазик Python во програмирањето и креирањето на игра.

Python е програмски јазик со општа намена, разноврсен и популарен програмски јазик. Преку учење на Python, учениците стануваат еден чекор поблиску до стекнување на самодоверба што им е потребна за да влезат во реалниот свет на програмирање, каде што ќе градат веб-страници, апликации и игри. Учениците ќе ги научат основните и некои од напредните концепти на Python кои ќе ги применат во форма на игра.

Преку оваа програма, ќе ги зајакнат нивните способности за примена на концепти како: програмирање во низи и индекси, циклуси, употреба на променливи, ако/тогаш услови, функции и класи. Платформата која се користи во курсот е лесна за следење и е исполнета со разни предизвици кои учениците ќе ги решаваат на интуитивен начин.

Coding Chatbots - користејќи го Python во форма на игра децата ќе научат да кодираат “chatbot” и како истиот се употребува во реалноста. Децата постепено ќе учат различни аспекти на кодирање во Python како:

  • Variables / Варијабли
  • Loops / Циклуси
  • Numbers & Boolean / Бројки и точно-неточно
  • Chatbot development/ Програмирање на “chatbots”
  • Classes / Класи
  • Class Methods / Методи на класи
  • String Manipulation / Манипулација на текст
  • Python built-in Functions / Вградени функции на Python
  • Data Structures / Типови на податоци
  • Conditionals / Услови
  • Server side programming / Програмирање на сервер

Лице за контакт

Елена Петковска
Специјалист за продажба во Детски Едукативен Центар
+389 75 289 722, вторник - сабота 9:00-17:00

Лице за контакт

Кристина Кузманоска
Менаџер на детски едукативен центар
+389 71 262 728, вторник - сабота 9:00-17:00

Возраст

11-12 години

  • Секое дете работи самостојно на свој компјутер
  • Слободен присап до Codemonkey платформата
  • Диплома за завршен курс од Codemonkey и Семос Едукација

Цели на обуката

Преку обуката децата ќе се запознаат со два програмски јазици, Python и CoffeeScript. Ќе развијат критичко мислење и ќе ja разберат суштината на проблемите, ќе научат да анализираат различни проблеми и да испланираат низа на чекори и пресметки да ги решат истите. Децата ќе се запознаат со клучните алгоритми кои го рефлектираат и поттикнуваат компјутерското размислување и ќе научат како да го препознаат соодветното алгоритмичко решение за даден проблем. Преку тимска работа и активности за учење во група, ќе се развива способноста за критичко расудување, креативноста и самодовербата кај децата.

Попуст

  • 15% попуст на пакет курсеви
  • Доколку слушателот посетувал било кој од нашите курсеви, за секој нареден курс добива 10% попуст од основната цена.

Начин на плаќање

  • Во готово или со уплатница
  • Дебитна и кредитна картичка
  • 3 рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • На фактура