Основен курс за кодирање

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
6 Апр 2024
Број на часови
60
Цена на курсот
15.600 МКД

Опис на обука

Во обуката преку двете програми од Cоdemonkey платформата – Coding Adventure  и Dodo Does Math децата се запознаваат со програмирањето и програмерските концепти.

Coding Adventure е програма за кодирање со текст во форма на игра, во која преку предизвиците од кои е изградена играта и програмскиот јазик децата учат да кодираат.

Во програмата се користи програмскиот јазик CoffeeScript, кој е сличен со JavaScript и примарно се користи за развивање на веб апликации. CoffeeScript има разбирлива синтакса која е слична на aнглискот јазик што ја прави соодветен избор за вовед во програмирањето.

Во Coding Adventure на забавен начин преку игра, се изучуваат програмерските концепти:

  • Објекти / Objects
  • Варијабли / Променливи вредности / Variables
  • Низи и индекси / Array and Indexеs
  • Циклуси / Loops
  • Логика на услови / Boolean Logic
  • Споредби / Comparisons
  • Функцици / Functions
  • Вредности / Return Values
  • Работа со настани / Triggering Events

Dodo Does Math е програма каде децата користејќи го програмскиот јазик CoffeeScript ќе научат да решаваат различни видови на математички задачи. Низ оваа програма децата  ќе ги вежбаат математички концепти: должина, собирање и одземање, множење, мерење и агли.

Цели на обуката

Стекнување на знаење и вештини од областа на програмирањето. Развој на критичко размислување, разбирање на суштината на проблемите, проследено со развојот на трпеливост при програмирање. Децата ќе научат да претставуват и интерпретираат податоци на кои ќе применат математички и геометриски концепти, како и да проценат, дефинираат и спроведат функции кои ќе ги искористат како сет инструкции за решавање на реален проблем. Преку тимска работа и активности за учење во група, ќе се развива способноста за критичко расудување, креативноста и самодовербата кај децата.

Лице за контакт

Елена Петковска
Специјалист за продажба во Детски Едукативен Центар
+389 75 289 722, вторник - сабота 9:00-17:00

Лице за контакт

Кристина Кузманоска
Менаџер на детски едукативен центар
+389 71 262 728, вторник - сабота 9:00-17:00

Возраст

7-10 години

  • Секое дете работи самостојно на свој компјутер
  • Слободен присап до Codemonkey платформата
  • Диплома за завршен курс од Codemonkey и Семос Едукација

Попуст

  • 15% попуст на пакет курсеви
  • Доколку слушателот посетувал било кој од нашите курсеви, за секој нареден курс добива 10% попуст од основната цена.

Начин на плаќање

  • Во готово или со уплатница
  • Дебитна и кредитна картичка
  • 3 рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • На фактура