Data Analyst
Data Analyst Associate

Скопје
Аплицирај
Број на пакети
1
Цена на курсот
1.575 ЕУР

Microsoft Certified: Data Analyst Associate

Зошто Data Analyst?

Способноста правилно да се анализираат податоците, да се разбере резултатот од нивната анализа, како и да се донесат правилни одлуки врз база на направената анализа е критична вештина во денешно време.
Со изучувањето на основите на анализа на податоци, вклучувајќи визуелизација, описна статистика и користење на логиката за пребарување на сетови на податоци, ќе бидете подготвени да ги анализирате податоците од било кој облик и од било која индустрија. По завршување на оваа програма, ќе знаете како да ги анализирате податоците во контекст на различни организации и индустрии и да бидете оние кој ќе го прикажат резултатот од анализата со што ќе се донесат вистински одлуки.

Опфатени Microsoft официјални курсеви во програмата

ИспитКурсЧасовиЦена
DP-080: Querying Data with Microsoft Transact-SQL
24
500 еур
N/A Analyzing Data with Excel and Essential Statistics
32
500 еур

PL-300

PL-300: Microsoft Power BI Data Analyst
32
575 еур

Финален проект
30
N/A
Вкупно
118
1.575 еур
Цена со 15% попуст
1.339 еур

Детали

Оваа програма се состои од 4 курсеви и завршен проект:

  • DP-080: Querying Data with Microsoft Transact-SQL – 24 часа: Во овој курс ќе научите да го користите TSQL јазикот за да подготвите извештај,   да анализирате податоци, како и за потребите на бизнис интелигенција. Фокусот на овој курс е анализата на податоци.
  • Analyzing Data with Excel and Essential Statistics – 32 часа: На оваа обука ќе се запознаете со улогата на статистиката во процесот на анализа на податоци. Во текот на обуката ќе ги совладате основните концепти на статистиката и нивната примена при анализа на податоците. Ќе научите како да ги опишете податоците со користење на на визуелизации како што се чартови како и основни статистички метрики: mean median, mod и variance на random варијабли, а потоа ќе се запознаете и со binomial, Poisson и Normal random варијаблите. 
  • PL-300: Microsoft Power BI Data Analyst – 32 часа: Основната цел на овој курс е да научите како да анализирате податоци со користење на Power BI алатката. Во курсот е вклучено трансформација на податоците, креирање на Power BI модел, креирање на визуелизации и ќе се запознаете со Power BI Service и Power BI мобилната апликација.
  • Финален проект: По завршувањето на сите курсеви, слушателите ќе добијат дата сет кој ќе треба да го анализираат со помош на претходно стекнатите знаења и да го презентираат резултатот пред своите инструктори.

Во оваа три месечна програма ќе научите:

  • Како да пишувате TSQL queries за да направите извештај, за потребите на анализа на податоците и бизнис интелигенција
  • Business Intelligence техники применети во Excel
  • Статистичка анализа на податоци во Excel
  • Како да анализирате податоци со користење на Microsoft Power BI – водечка алатка во оваа област.

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на Microsoft Official Training Department
+389 70 246 146, секој работен ден 9:00-17:00

За кого е наменета оваа програма?

Оваа програма е наменета зa оние кои работат во продажба, маркетинг, финасии, статистика, IT професионалци и сите оние се занимаваат со анализа на податоци или кои имаат многу мало познавање за бази на податоци и математика, но со желба да се стекнат со „вештини на 21-от век“.

Бидете дел од оваа програма поради следниве факти:

Градење на кариера

Оваа програма ќе ви овозможи да се стекнете со сеопфатни вештини, на високо ниво, со што ќе можете да ја добиете кариерата што ја сакате.

Интернационални експерти во областа како и во едукацијата

Во оваа програма, ќе учите од интернационални експерти од областа, како докажани Microsoft сертифицирани тренери со повеќе од 18 години искуство и со обучени над 200 аналитичари како во земјава така и надвор како што се Норвешка, Холандија и  други земји. Инструкторот кој ќе ве обучува е првиот Микрософт сертифициран тренер во Македонија кој пред 4 години се стекна и со титулата Microsoft Data Scientist.

Хибриден модел на учење – Иднината на IT обуките

Хибридниот модел на учење  кој ќе биде применет во оваа програма, опфаќа Microsoft официјални курсеви кои се одржуваат од страна на Microsoft сертифицирани тренери, како и online обуки овозможени од online официјалната  платформа на Microsoft.

Практични вежби

Секој курс од оваа програма, покрај теоретскиот дел, вклучува и hands-on вежби кои ќе ви овозможат да се стекнете и со практично искуство од областа.

Интернационален сертификат

По завршување на сите курсеви, ќе бидете подготвени да полагате испит, кој ќе ви овозможи да се стекнете со меѓународно признаен сертификат – Microsoft Certified: Data Analyst Associate. Ако одлучите да се сертифицирате и ги положите потребните испити, ќе можете да ги споделите вашите сертификати на вашето CV, како и на LinkedIn страната.