Вовед во Андроид апликации

Белград
Аплицирај
Почеток на курсот
13 Мај 2024
Број на часови
40
Цена на курсот
15.450 МКД

За кого е наменет курсот

Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да се запознаат со основите на објектно ориентираното програмирање, па подоцна со модерната мобилна платформа Android, како и за оние кои веќе имаат некакво познавање од објектно ориентирано програмирање, а би сакале да се запознаат со јазикот Java и со основите на оваа мобилна платформа.
Со изучување на овој курс, учесниците ќе се стекнат со основи на Java програмскиот јазик кој се користи за програмирање на Android апликации, како и со основните концепти на самата мобилна платформа.
Учениците ќе работат на неколку практични проекти низ текот на обуките, преку кои го зајакнуваат материјалот опфатен во предавањата.
Во текот на овој курс секој од учесниците ќе ги совлада клучните карактеристики на програмскиот јазик Јава, кои ќе им помогнат да ги применуваат сите Java функции во контекст на основните компоненти на Android, исто така ќе ги совладаат вештините при градење на UI дизајн.
По завршувањето на овој курс секој од учесниците ќе биде способен да започне развој на основна апликација која понатаму би ја развивал во покомплексна како напредува со изучувањето на оваа мобилна платформа.


Содржина на курсот

  • Инсталација, конфигурација и основи на објектно ориентираното програмирање
  • Податочни типови во Java: класи, објекти, конструктори, функции
  • Наследност – терминологија во Java; Полиморфизам
  • Креирање и користење на интерфејси, пакетии, JAR библиотеки
  • Фаќање исклучок, кориснички дефинирани исклучоци, фрлање исклучок
  • Collections, HashTable, Vector, List, ArrayList, HashMap
  • Multi-threading (Thread class & Runnable Interface)
  • Инсталација и запознавање со Android Studio
  • Креирање на HelloWorld апликација, структура на Android апликација
  • Користење на емулатор
  • Основи на UI алатки и концепти
  • Стилови, теми и кастимизирани компоненти
  • Android lifecycle - компоненти на архитектура во Android
  • Активности, настани, адаптери
  • Мени, навигација со табови
  • Запознавање со GIT

Лице за контакт

Сања Гавриловска
Раководител на Android Training Department
+389 75 22 68 75, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основно познавање на работа со компјутери.

Материјал за курсот

Слушателите ќе добијат прирачник и книга според кои ќе се води курсот.

  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатни прирачници за секој курс
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома