Стефанија Коцарева - Академија за внатрешен дизајн

Rising star of the week – Стефанија Коцарева

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на внатрешен дизајн?

Здраво, јас сум Стефанија Коцарева, дипломиран архитект инженер. Отсекогаш сум имала интерес за внатрешен дизајн и кога дознав за Академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација, сфатив дека е одлична можност да се надградам по завршувањето на додипломските студии.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на внатрешен дизајн?

Проектите се супер дизајнирани во однос на употреба на современите софтвери кои се есенцијални за започнување на кариера во областа на внатрешниот дизајн и архитектурата.

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Пред започнување во нова област, убаво е да се истражат способностите кои ни се потребни за работа во истата, а тоа во случајов е познавање на 2D и 3D софтверите. Внатрешниот дизајн е една од најкреативните области и би ја препорачала на секој на кого не му е страв да размислува креативно, да експериментира со бои, елементи, мебел и светла.