Ивана Пајковска - Software Testing Aкадемијата

Rising star of the week – Ивана Пајковска

Која е Ивана Пајковска? Зошто се одлучи токму за Software testing Aкадемијата на Семос Едукација?

Јас сум Ивана Пајковска, дипломиран економист на Економскиот факултет во Скопје. Моето запознавање со Software testing започна и со моето прво работно искуство во таа сфера. Уште пред да станам дел од Акдемијата за Software testing во Семос Едукација, работев како мануелен тестер на компаниски веб-сајт и во тој период увидов дека мора дополнително да се надградам во оваа област. Така дознав и за Академијата за Software testing во Семос Едукација, па одлучив да се запишам.

Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?

Завршниот  проект беше совршена можност самата да го проценам степенот на напредок како тестер во последните шест месеци, но и можност за понатамошно вработување. Самиот проект е вистински пример каде може да се примени стекнатото знаење од Академијата но и начин да добиете насоки како понатаму да се надградувате.

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат за отпочнување на кариера во Software testing индустријата?

Доколку работите професија која не ве исполнува, никогаш не е доцна за промена. Софтвер тестирањето е прекрасна професија за луѓе кои сакаат постојано да учат нови работи , луѓе на кои им се важни деталите и наоѓаат задоволство во добро завршена работа.