Давид Деловски - Академија за Game Development

Rising star of the week – Давид Деловски

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во гејминг индустријата?

Здраво, јас сум Давид Деловски, а љубовта кон видео игрите започна од детството, гледајќи го татко ми како игра видео игри. Гејмингот ми стана најголема занимација, а подоцна и окупација. За време на средношколските денови си поставив цел,  да играм професионално League of Legends што за краток период се оствари, па така гејмингот ми стана и работа и пасија. Додека учествував на еден Македонски game турнир, дознав за Семос Едукација која воедно беше и спонзор на турнирот. Почнав да истражувам за обуките кои ги спроведуваат и наидов на Unity Академијата за Game Development. Во тој момент одлучив дека е време да одберам нова патека во гејминг индустријата.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во гејминг индустријата?

Мислам дека завршниот проект е одлична идеја како последен дел од Unity Академијата за Game Development. Тој ми помогна да го применам стекнатото знаење за време на часовите, а истовремено бев предизвикан со проблеми за кои требаше да најдам иновативни решенија.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Ако имате интерес за оваа област и би сакале професионален развој како Game Developer, Академијата за Game Development на Семос Едукација е вистинскиот и најдобриот избор за почеток на нова кариера.