Виктор Карер - Python менторската програма

Rising star of the week – Виктор Карер

Кој е Виктор и зошто се одлучи токму за Python менторската програма во Семос Едукација?

Здраво, јас сум Виктор Карер, голем љубител на технологијата и компјутерите и слушател на летната менторска школа за Python Backend со Django во Семос Едукација. Преку програмата го стекнав  потребното знаење за понатаму да можам да работам на моите интереси, како што е работата со вештачка интелигенција и автоматизација на процеси. 

Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?

Завршниот проект ми беше најомиленот дел од целата менторска програма каде што имав можност да го консолидирам целото стекнато знаење во една практична целина. Проектот ми овозможи да сфатам кои се моите способности и да стекнам поголема самодоверба во програмирањето.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат за отпочнување на кариера во ИТ сферата?

На тие што се двоумат да почнат кариера во ИТ сферата би им кажал дека програмирањето се покажа како многу интересна и исполнувачка работа. Јас го почнав курсот незнаејќи колку многу ќе добијам од него, но низ целиот процес, со малку трпение и многу работа успеав да се пронајдам во оваа професија.