Бојан Ивановски - Python менторската програма

Rising star of the week – Бојан Ивановски

Кој е Бојан Ивановски? Зошто се одлучи токму за Python менторската програма на Семос Едукација?

Моето име е Бојан Ивановски и се одличив за Python менторската програма на Семос Едукација затоа што сакав да стекнам подобро разбирање за програмирањето со Python и практично искуство преку завршниот проект. Обуката ми даде одлична основа и научив многу вредни информации кои знам дека можам да ги користам во иднина.

Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?

Завршниот проект беше големо искуство за мене. Ми даде можност да го применам сето знаење што го стекнав за време на обуката. Навистина ме мотивираше да продолжам со кариера во кодирање, и почувствував дека сум подготвен да преземам повеќе предизвикувачки проекти.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат за отпочнување на кариера во IT сферата?

Учењето на програмски јазик може да биде застрашувачко на почетокот, но со доволно вежбање и посветеност, секој може да стане успешен програмер. На сите што сакаат да започнат со кариера во IТ, би им препорачал да посетуваат курс во Семос Едукација. Тие ви обезбедуваат голема база на знаење и  ви помагаат да ги развиете вештините потребни за да успеете во областа.