Љубиша Николовски - Java и Oracle прорамирање

Rising star of the week – Љубиша Николовски

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на Java и Oracle програмирање?

Јас сум Љубиша Николовски, дипломиран инженер по електротехника, амбициозен, креативен и успешен човек. Предизвик за мене е учењето на едни од најмоќните јазици со широк спектар на можности, токму од врвните професионалци во Семос Едукација.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на програмирањето?

За мене завршниот проект беше еден вид резиме и оценка на наученото. Стекнатото знаење ми дава самодоверба да продолжам понатаму во градење на кариера во областа на програмирањето.

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Не двоумете се да вложите малку труд за да научите нешто ново и корисно, бидете константни, упорни и работете на остварување на планираното, тоа е најбрз и најсигурен пат до целта.