Јована Крстевска - Академија за внатрешен дизајн

Rising star of the week, Јована Крстевска - Академија за внатрешен дизајн

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на внатрешен дизајн?

Здраво, јас сум Јована Крстевска и желбата за дизајн и технологии на мебел и ентериер ми се јави уште во гимназија, по што следеше упис на факултет на истиот смер при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Meѓутоа, ми недостасуваа модерните технолошки аспекти и нивната примена преку најновите софтверски алатки за графички и 3D елементи.  Академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација има програма која ги содржи сите значајни технички решенија и тоа беше пресудно за да се запишам токму на оваа Академија.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на внатрешниот дизајн?

Завршниот проект беше круна на студирањето. Навистина ми помогна да применам широк спектар од алатките преку различни софтверски решенија, а притоа и да имам можност сама да изработам целосно решение за одреден проект. Ова знаење и практично искуство ми овозможи да започнам со изработка на моето професионално портфолио и да бидам конкурентна на пазарот на трудот каде што веќе можам да го прикажам моето практично искуство преку професионална презентација која е едно од најзначајните барања на клиентите.

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Доколку сте креативни, сакате предизвици, сакате да научите и напредувате, нема простор за двоумење. Топло ви ја препорачувам Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација и имам само пофални зборови за предавачите!