CareerUP со Методија Цвијовиќ

CareerUP со Методија Цвијовиќ – студент на Акредитираната JavaScript Академија

Која беше твојата претходна работна позиција, а која е сега (Во која компанија работиш)?

Претходната работна позиција ми беше во ИТ индустријата но како дел од Support team. Оттука ми се појави желбата да отидам чекор подалеку и да навлезам во светот на програмирањето, а JavaScript Академијата на Семос Едукација ми помогна да си ја остварам желбата, па така моментално работам како Backend (Node.js) developer во компанијата Different.

Како го искористи знаењето стекнато во Семос Едукација, за да го преземеш следниот чекор во кариерата?

Знаењето стекнато во Семос Едукација ми помогна во пристапниот процес за вработување, особено практичната работа што е од витално значење за секој што сака да работи во оваа индустрија.

Какво беше твоето искуство со Семос Едукација и Кариерниот центар?

Искуството со Семос Едукација беше одлично и покрај одличната комуникација, работата со врвни и докажани професионалци од својата област ми помогна да ги усовршам моите вештини. Нивната посветеност и залагање беа од витално значење за полесно совладување на материјата во целост.

Што би им препорачал на сите оние кои сакаат да направат career switch?

Би сакал да ги охрабрам сите што се двоумат за кариерна промена, да го направат тој чекор и да веруваат во себе. Верувам дека со напорна и континуирана работа може да се постигнат посакуваните резултати.