Rising star of the week Теодора Ѓеоргиевска

Rising star of the week - Теодора Ѓеоргиевска

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на графичкиот дизајн?

Моето име е Теодора Ѓеорѓиевска и уште од најмала возраст се изразувам преку уметноста, а во последните неколку години особено почнав да се интересирам за применетата уметност, а тоа е графичкиот дизајн. Одлучив да се запишам на првата акредитирана институција за графички дизајн во Македонија која ми даде можност да ги надополнам моите креативни недостатоци. Во Академијата особено се пронајдов во делот на дигиталната илустрација и типографијата како неопходни елементи во дизајнот.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на графички дизајн?

Со помош на завршниот проект ја комплетирав Академијата за графички дизајн, а воедно и го надополнив моето портфолио со работа за реален клиент. Најголем акцент се даде на практичната примена како една од најважните начини на надградување на еден графички дизајнер. Голема чест ми беше мојот дизајн да биде предлог решение за првото издание на ГалИцко фестивал, а целиот процес се случи благодарение на ангажираноста на професорите. 

Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

За сите оние кои сакаат да ги претстават своите идеи на креативен начин, апсолутно ги охрабрувам да го направат првиот чекор во својата кариера како професионални графички дизајнери, а тоа е да се запишат во Академијата за графички дизајн во Семос Едукација.