Rising star of the week Јован Поповски

Rising star of the week
Јован Поповски, JavaScript Developer

Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека како JavaScript developer?

Желбата да го променам своето работно место, како и побарувачката на програмери на пазарот на трудот, ме натера да се фокусирам кон подобрување на своето знаење за она за што сум заинтересиран, а тоа се компјутерските технологии и програмирањето.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел да станеш JavaScript developer?

Работата на проектот и едукативното водење од страна на професорите од JavaScript Академијата  на Семос Едукација, ми отвори нови погледи кон изноѓањето креативни решенија во оваа област. Една од придобивките од завршниот проект беше и можноста да се прикаже совладаниот материјал во доменот на пракса и кариера.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Доколку сте заинтересирани за програмирањето, ЈavaScript Академијата на Семос Едукација e голем придонес за вашиот личен и професионален развој, како и добра основа за понатамошна надоградба или учење на други програмски јазици.

Која беше улогата на Кариерниот центар во започнување на твојата кариера?

Пронаоѓањето на првото вработување во IT секторот е предизвик, помошта ми беше неопходна, а за тоа се погрижи професионалниот тим на Кариерниот центар за што ја имаат мојата благодарност.