Успешна соработка со КликниЈади

Практикантот од Академијата за графички дизајн во Семос Едукација беше совршена „јаготка на шлагот“ во новата приказна на КликниЈади

Кариерниот центар на Семос Едукација продолжува со успешните соработки со врвни компании од сите сектори како и регрутирање на студентите од обуките и Академиите во овие компании. Нашата цел е успешна практична обука и работно искуство за нашите студенти и обучен квалитетен кадар за компаниите. Ја имаме честа да соработуваме со КликниЈади, првата и најдобра платформа за достава на храна во државава и на наше и нивно задоволство, соработката да резултира со регрутација на практикант од Академијата за графички дизајн во Семос Едукација. Поразговаравме со тимот на КликниЈади за нивното искуство со Кариерниот центар на Семос Едукација.

Кои се Кликни Јади?

Нескромно ќе кажеме – Првата и најдобра платформа за достава на храна низ цело Скопје. За градење на приказната беа потребни 6 години, а сигурни сме дека нема да застанеме тука.  КликниЈади моментално е огромен тим од над 100 неуморни возачи заедно со 300 партнери за вкусна храна кои сакаат сите во Скопје да се најадени и среќни. Позадинскиот тим работи на секојдневно подобрување како храната од најдобрите ресторани да биде сервирана до секоја маса низ Скопје, а од неодамна и во Охрид.  

„Срцето“ на КликниЈади се над 70.000 корисници кои несебично ги споделуваат добрите искуства, но и по некоја критика, сите кои ни помагаат да се надградуваме и растеме.

Зошто го одбравте Кариерниот центар на Семос Едукација?

Секогаш правиме место во тимот за креативци кои размислуваат „out of the box,“ а сфативме дека со Кариерниот центар на Семос Едукација го делиме истото мото. Не беше тешко да се дојде до креативен ум кој сите идеи лесно ќе ги реализира.

Како Кариерниот центар ви помогна да пронајдете практикант во одделот за дигитален маркетинг?

Кариерниот центар ни понуди квалитет и тоа беше пресудно. Помошта дојде во облик на совети и насоки, за „кликнувањето“ на нашите вработени со потенцијалните да биде инстантно. 

Во моментов развиваме и работиме на сопствена маркетинг агенција, која има за цел да им го обезбеди максимумот на своите клиенти, а за тоа ни требаат генијални идеи. Работиме на иновативни проекти, со млад дух и многу ентузијазам, па практикантот од Академијата за графички дизајн во Семос Едукација беше совршена „јаготка на шлагот“ во новата приказна на КликниЈади.

Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?

Флексибилноста при селекцијата, комуникацијата и изборот беше уште една причина зошто приказната имаше успешен краен резултат.

Среќни сме што има млади и талентирани луѓе од Академијата за графички дизајн во Семос Едукација кои со правилната насока од Кариерниот Центар може да постигнат чуда во дигиталниот маркетинг.