Услуги за компании

Услуги за компании

1. Листа на 3 селектирани кандидати од нашата база

Добивате листа од 3 селектирани кандидати од постоечката база на слушатели на Семос Едукација.

2. Индивидуален кариерен план на вработени (по позиција и од сесија).

Кариерниот план ќе Ви помогне да управувате со насоката во која сакате Вашата и кариерата на Вашите вработени да се движи, да ги утврдите знаењето и вештините кои Ви се потребни и како да ги постигнете.
Преку кариерниот план ќе дознаете каде се гледаат Вашите вработени во компанијата, нивниот потенцијал и како истиот најуспешно да го искористите за да добиете максимални резултати.
Кариерниот план на вработените го прави сертифициран кариерен советник со GCDF сертификат.

3. Консултантски сесии со експерти од соодветна област (тренери, консултанти, луѓе од пракса) - за компании или пак за индивидуалци. 

Сесиите може да опфатат: писмени прашања до експертите, индивидуални часови на одредена тема за вработените, посета на консултантот во компанијата каде што на лице место ќе се утврдат проблемите и ќе се понуди решение, итн.
Честопати дури и оние со големо искуство се соочуваат со проблем кој можеби го гледате како нерешлив во одредена ситуација. Тука се нашите тренери кои што можат да Ви помогнат благодарение на огромното теоретско и практично искуство во областите кои ги застапуваат.

4. Понуда на високо-квалификувани експерти за потребите на компанијата (тендер, проект, тековна работа).

Оваа услуга опфаќа предлог на кадар со специфични квалификации за соодветни потреби на компанијата. Кандидатот може да го користите за одреден период но немате обврска да го вработите.

5. Услуги од областа на човечките ресурси и администрација.

Изработка на правилници, договори, систематизација, администрација, разни акти за потребите на компанијата. 
Кариерниот центар на Семос Едукација може да им ја олесни работата на оние компании кои немаат оддел за човечки ресурси или вработено лице за човечки ресурси. Нашите експерти имаат долгогодишно практично и тренерско искуство и успешно ќе одговорат на Вашите барања за соодветни потреби на компанијата од областа на човечките ресурси.

6. Интервјуа и тестирање (психолошко и техничко).

Евалуација на потенцијални кандидати со помош на соодветни техники и тестови. Интервјуата и тестирањата ги водат специјализирани експерти од областа на човечки ресурси, психологија и ИТ.

7. Менторски програми

Заеднички градиме кадар согласно Вашите потреби!

Менторските програми се процес кој опфаќа Ваше учество во процесот на обука и градење на кадар на тој начин што креираме програма за соодветен профил. Обврска на компанијата која ќе биде дел од менторските програми е да додели реален проект/задачи во согласност со знаењата на учесниците во програмата и ментор кој ќе ги следи во процесот на обука. Процесот трае во зависност од тоа колку обуки треба да поминат учесниците и какви вештини да стекнат. По завршување на процесот, компанијата има право да изврши селекција на учесниците согласно потребите и да ги вклучи избраните учесници во процес на пракса или вработување.

Лице за контакт

Анче Јованоска
Раководител на Кариерен Центар
+389 75 441 815, секој работен ден 9:00-17:00

За кого се наменети

Компании
Регрутација, тренинг, постојан професионален развој

  • Корпоративен сектор
  • Мали и средни бизниси

Институции

  • Факултети
  • Владини агенции
  • Комори, Индустриски здруженија
  • Професионален и ефективен одговор на Вашата потреба за регрутација и едукација.
  • Вработени кои поседуваат соодветно знаење и искуство.
  • Го водиме целиот процес на регрутација и селекција на кандидати.
  • Со помош на нашите пакети за обука го скратуваме времето за доквалификација и вклопување на новите вработени во работната средина.
  • Опсежна обука и развојна поддршка за технички и меки вештини.
  • Пристап до нашата база од висококвалификувани и искусни професионалци за работа на проекти и outsourcing, со можност за ангажирање без обврска за вработување.
  • Помагаме во подготовка и извршување на студентски пракси.