Обука за планирање и развој на кариера

Број на часови: 9

Цена: 3.400 мкд

За кого е наменета обуката

Обуката е наменета за невработени лица или вработени кои сакаат да направат промена на кариера.

Успешна кариера не е нешто што се случува спонтано. Потребно е детално планирање и увид во сопствените вештини, развој на потенцијалите и одредување на патека за понатамошен напредок. Во обуката која што е наменета за планирање и развој на кариера, имате можност да дознаете повеќе за сите предуслови кои ви се потребни за отпочнување на кариерата или одредување на различна кариерна патека.

Обуката се состои од три модули:

  • Вовед во развој и планирање на кариера
    Запознавање со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера.
  • Изработка на ЦВ, мотивационо писмо и LinkedIn профил
    Дискусија за содржината на ЦВ и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат. Отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите.
  • Подготовка за интервју
    Практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју. 

Диплома за завршена обука

Секој слушател добива Диплома од Семос Едукација за успешно завршена обука за Планирање и развој на кариера.

Лице за контакт

Ивана Чиплаковска
Раководител на Кариерен центар
+389 75 286 839