Обука за комуникациски вештини

Број на часови: 8

Цена: 3.000 мкд

За кого е наменета обуката

Обуката е наменета за сите учесници кои посетуваат курсеви во Семос Едукација.

Развојот на комуникациските вештини може да влијае и значително да подобри повеќе аспекти од животот вклучувајќи го и професионалниот развој. Како и повеќето социјални вештини, комуникациските вештини се нешто на што можеме да работиме и да го усовршуваме секојдневно. Во рамки на обуката за комуникациски вештини ќе имате можност подетално да се запознаете со различните аспекти на комуникацијата, да го препознаете вашиот стил на комуникација и да ги воочите насоките за подобрување.

Обуката се состои од три модули:

  • Типови на комуникација и нивното влијание врз професионалниот развој
    Детално запознавање со комуникацискиот процес и типовите на комуникација.
  • Активно слушање и презентација
    Улога и важност на презентациски вештини и активното слушање како дел од процесот на комуникација.
  • Комуникација во рамки на една организација
    Разработување на концептот за асертивна и крос културна комуникација.
    Вежба за давање на конструктивен фидбек. 

Диплома за завршена обука

Секој слушател добива Диплома од Семос Едукација за успешно завршена обука за Комуникациски вештини.

Лице за контакт

Ивана Чиплаковска
Раководител на Кариерен центар
+389 75 286 839