Услуги за индивидуалци

Услуги за индивидуалци

1. Обука за професионална биографија (CV) и мотивационо писмо

Барате работа? Сакате да ја добиете работата од соништата? Подгответе се!
Оваа обука ќе Ви помогне како правило да подготвите професионална биографија и мотивационо писмо кои ќе Ви овозможат работодавецот да Ве препознае како квалитетен кадар и да Ве издвои од другите при процесот на селекција. Во текот на обуката ќе се запознаете и со интервјуто како најчесто користена техника за селекција на кандидатите и за тоа како најдобро да се претставите на интервјуто и да си обезбедите конкурентска предност пред останатите.

2. Индивидуално кариерно советување

Кариерното советување има за цел да им помогне на сите оние кои сакаат да го направат првиот или најдобриот избор во кариерата.
Кариерното советување ќе Ви помогне да управувате со насоката во која сакате Вашата кариера да се движи, да ги утврдите знаењето и вештините кои Ви се потребни и како да ги постигнете. Преку овие советувања ќе Ви биде јасно кои се Вашите потенцијали и како најдобро да ги искористите за да бидете успешни.
Кариерното советување го прави сертифициран кариерен советник со GCDF сертификат.

3. Подготовка на професионална биографија (CV) – еднојазично или двојазично 

Доколку не знаете или пак не сте во можност да подготвите професионална биографија (CV), нашите експерти ќе го направат тоа за Вас.

4. Подготовка на CV и мотивационо писмо – еднојазично или двојазично

Доколку не знаете или пак не сте во можност да подготвите професионална биографија (CV) и мотивационо писмо, нашите експерти ќе го направат тоа за Вас.

5. Менторски програми

Кариерниот центар на Семос Едукација во соработка со компании креира менторска програма за развој на специфични вештини кои компаниите ги бараат.

Менторските програми вклучуваат три чекори:

Чекор 1: Обука во Семос Едукација
Чекор 2: Работа под менторство на ментори од соодветна компанија
Чекор 3: Најдобрите ќе добијат можност за пракса и вработување во компанијата.

Во текот на менторската програма ќе имате можност да работите на реални проекти под менторство на професионалци од компаниите кои со Вас ќе споделат искуство од секојдневните работни обврски и ќе Ви овозможат да работите во реална работна околина.

Менторските програми се организираат за сите обуки кои ги нуди Семос Едукација.

Лице за контакт

Ивана Чиплаковска
Раководител на Кариерен центар
+389 75 286 839

Контакт

Кариерен центар

За кого се наменети

Индивидуалци
Нова работна сила во потрага по прво вработување, искусни професионалци во потрага по преквалификација и дополнителна едукација

  • Студенти
  • Дипломци
  • Професионалци
  • Со помош на нашите пакети за обука го скратуваме времето за доквалификација и вклопување на новите вработени во работната средина.
  • Сеопфатна обука и развојна поддршка за технички и меки вештини.

Организираме бесплатни работилници за нашите слушатели, кои ги обработуваат следниве теми:

  • Изработка на CV
  • Изработка на мотивационо писмо
  • Подготовка за интервју

Нудиме и можност за изработка на биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, а верзијата на англиски ја добивате БЕСПЛАТНО.

Форма за пријавување во Кариерниот центар

Линк