Кариерен центар

Бидете во тек со новите трендови на пазарот на трудот

Кариерниот центар на Семос Едукација е тука за Вас и потребите на Вашата компанија. Нашиот тим ќе Ви помогне да го заштедите своето време и пари во процесот на регрутација и селекција на висококвалификувани кандидати. 

Семос Едукација, како прв и најголем тренинг центар во Македонија, секојдневно учествува во создавање на високо квалификуван кадар во областа на ИТ и други дисциплини.
Целта на Кариерниот центар на Семос Едукација е да ги препознае квалитетите кај слушателите и да биде мост којшто ќе ги поврзува слушателите кои сакаат да направат промена во својата кариера и компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар.

Можноста да бидеме вклучени во процесот на едукација на Вашиот иден кадар е она што нѐ прави единствени. Покрај овие лица кои преку нашите обуки се специјализирале во соодветна област, ќе бидеме во можност да Ви понудиме и кандидати од други области кои целосно одговараат на Вашите барања.

Нашиот тим е составен од професионалци кои имаат долгогодишно искуство во областа на човечки ресурси и технички вештини, со специјализација во ИТ индустријата. Ние сме Вашиот партнер кој ќе Ве поддржи во остварување на Вашите цели, со тоа што ќе Ви помогнеме да го направите вистинскиот избор на вработени.

Кариерниот центар на Семос Едукација е вистинскиот избор доколку сакате да ја смените насоката на Вашата кариера и сакате целосно да ги искористите Вашите потенцијали. Тука сме да Ви помогнеме да го направите изборот на кариера која соодветствува на Вашите интереси.

Нашите цели

  • Да обучиме и развиваме високо-квалификувана работна сила.
  • Да ги разбереме Вашите потреби и ефективно да одговориме на Вашите барања за вработување на соодветен кадар. 
  • Зголемување на Вашата конкурентност и постигнување на повисок профит преку наоѓање на соодветни вработени со посакувани и потребни квалификации.
  • Премостување на јазот помеѓу индустријата и образованието преку размена на информации, знаења и технологии.
  • Примена на комплементарни едукативни содржини и организирање на програми за менторство и пракса.
  • Поврзување на работодавците и кандидатите преку организирање на наменски иницијативи и настани. 
  • Внесување на промени на пазарот на трудот и создавање на еднакви можности за сите ентузијасти и искусни професионалци
  • Креирање на нови обуки за технички и меки вештини.
  • Зголемување на вработеноста во државата.

Лице за контакт

Ивана Чиплаковска
Раководител на Кариерен центар
+389 75 286 839

Контакт

Кариерен центар

КОМПАНИИТЕ
Регрутација, тренинг, постојан професионален развој:

  • Корпоративен сектор
  • Мали и средни бизниси

ИНДИВИДУАЛЦИ
Нова работна сила во потрага по прво вработување, искусни професионалци во потрага по преквалификација и дополнителна едукација

  • Студенти
  • Дипломци
  • Професионалци

ИНСТИТУЦИИ

  • Факултети
  • Владини агенции
  • Комори, Индустриски здруженија