Зошто виртуелната и агументирана реалност?

Зошто виртуелната и агументирана реалност?

Со развојот на технологијата и напредокот во откритијата, како поим во нашите животи се внесува и виртуелната реалност. Како што самите зборчиња по себе ја објаснуваат оваа целина, можеме да претпоставиме дека станува збор за некоја нова реалност која на виртуелен начин ни ги доловува предметите и појавите околу нас. Тоа доаѓа до израз со помош на тродимензионалноста на виртуелниот свет кој токму поради таа особина го прави целосното искуство многу реално и привидно опипливо. 

Околината на бесконечни можности и доживувања ни нуди безброј сценарија во кои секој човек може да се замисли и пронајде. Иако звучи како сон и многу чудна замисла, виртуелната реалност навистина станува дел од животите на луѓето ширум светот. Сакате да го истражите далечниот град кој одамна сте сакале да го посетите? Да учествувате во вашите омилени игри на интерактивен начин? Во оваа реалност можете да ги исполните сите свои желби кои не би можеле да ги исполните во реалниот свет. Доколу сакате да видите како изгледа една тура околу млечниот пат, виртуелната реалност ни овозможува да го доживееме тоа патување околу ѕвездите и прстените на Сатурн во еден здив.  

Освен за забава и содавање на нови искуствавиртуелната реалност може многу да помогне и да придонесе во нашиот реален свет. Заради многубројните можности кои ги нуди, виртуелната реалност може да служи и како помош во областа на медицината за спроведување на нови истражувања, создавање на терапевтски апликации кои ќе помагаат при третирање на пост трауматскиот синдром и други психосоматски болести, како и за помош при создавање на квалитетен медицински кадар со виртуелните операции. Освен во медицината, оваа реалност наоѓа и примена во развивањето на економијата и бизнисите кои веќе се служат со нејзините придобивки. Со нејзина помош продуктите можат да се рекламираат на пореален и поопиплив начин создаден така да се прилагодува на сетилата на човекот.  

 Во блиско сродство со виртуелната реалност е агументираната реланост. За разлика од виртуелната реалност која не става во нов виртуелен свет, агументираната реалност додава виртуелни елементи во вистинскиот свет. Како таква, има многубројни примени во секојдневието на човекот и игра голема улога во олеснувањето на некои од реалните активности. Нејзината примена се употребува во архитектурата и внатрешниот дизајн со чијашто помош можеме да ги поставиме предметите виртуелно, пред вистински да ги наместиме. Помага и во заштитувањето на нашата животна средина и спасување на животните кои се во процес на изумирање. Со дел од проектите на жителите на светот им се дава до знаење степенот на сериозност на светските проблеми, со цел зголемување на свесноста на секој човек, кое ќе допринесе до посоодветно и поодговорно однесување на луѓето како поединци. 

Со кобминирање на овие два света и спојување на виртуелното со реалното, можеме да дојдеме до посакуваната форма на реалност, онаа каде невозможното станува возможно, каде идеите стануваат реализација, каде замислата станува делување и каде животот станува поубав.  

Aвтор: 

Bosko

Бошко Соколов, 

Unity Certified Instructor