Програмирање во Go


Аплицирај
Почеток на курсот
Број на часови
32
Цена на курсот
23.000 МКД

За кого е наменет курсот

Go, често среќаван и како Golang е програмски јазик создаден од Google во 2009та година. Go е статички компајлиран јазик изграден во стилот на C. Јазикот и сите негови придружни алатки се објавени и дистрибуирани како слободен и отворен код.

Почетоците на Go се како интерен експеримент кој требало да ги реши честите критики кон останатите јазици, задржувајќи ги нивните позитивни карактеристики. Иницијалната замисла за Go е тој да биде:

  • Статички јазик во кој може да се пишуваат големи скалабилни системи (слично на Java и C++)
  • Продуктивен и читлив, без потреба од користење на преддефиниран код (слично како Python и Ruby)
  • Пишувањето Go апликации да не биде тесно врзано со одредена интегрирана околина за развој
  • Поддршка за мрежни операции и мултипроцесирање

Go е екстремно лесен јазик за учење. Основните концепти се сведени на минимум, а неговата синтакса е дизајнирана да биде чиста и недвосмислена.

Кратко време по официјалната промоција на Go, клучни претствници во ИТ сферата мигрираа дел од нивните системи на овој програмски јазик. Во моментов Go, официјално може да се сретне како дел од продукцискиот стек во: Google, Uber, Twitch, MongoDB, Netflix, Dropbox и други големи но и помали стартап компании.

Најчесто користен при креирање на дистрибуирани системи и микросервиси, Go станува незаменлив натпреварувач во оваа сфера. Неговата популарност се зголемува со секој изминат ден а резултатите се очигледни.


Содржина на курсот

  • Основи на GO програмскиот јазик
  • Структури и покажувачи
  • Работа со стрингови
  • Справување со грешки
  • Паралелно извршување на инструкции
  • Креирање на повторно искористливи пакети
  • Пишување и извршување на тестови
  • Пронаоѓање и поправање на грешки
  • Подобрување на перформансите на кодот
  • Работа со HTTP пакетот
  • Работа со JSON
  • Работа со датотеки
  • Користење на регуларни изрази
  • Работа со пакетот за датум и време

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе може да:

  • Чита и пишува кодови во Go.
  • Kреира едноставни продуктивни алатки.
  • Планира и подесува околина за креирање на Интернет сервиси.
  • Да креира апликации кои можат да бидат компајлирани и извршени на различни платформи.
  • Креира апликации кои можат да бидат извршувани истовремено.
  • Креира свои Go библиотеки и да употребува библиотеки од други програмски јазици.
  • Ги хостира своите апликации.
  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Слушателите на овој курс пожелно е да имаат претходно знаење од областа на програмирањето, но истото не е задолжително.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга “Вовед во програмирање во GoLang“.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура