PHP со MYSQL - I ниво


Аплицирај
Почеток на курсот
29 Окт 2019
Број на часови
30
Цена на курсот
13.000 МКД

За кого е наменет курсот

Поголемите сајтови и проекти налагаат нивно асимилирање со дата бази, а PHP е клучот кон успешна интеграција на истите. Научете како се прави успешна, интерактивна и динамична веб страна со помош на PHP, притоа програмирајќи целосен контент менаџмент. Курсот ги покрива сите аспекти на PHP програмерскиот јазик, од основите, до понапредните теми како што се објектно ориентирано програмирање, интеракција со дата бази, креирање, валидирање и процесирање на форми, регулирање на пристап на корисници и многу повеќе. Курсот се одвива паралелно со примери и со решавање реални проблеми со помош на најчесто користените техники денес.


Содржина на курсот

  • Што е PHP и негови предности
  • Инсталирање и конфигурирање на PHP и MySQL
  • Вовед во PHP програмирање
  • Дефинирање дата типови
  • Дефинирање логички експресии
  • Дефинирање циклуси и фунции
  • Креирање веб страна
  • Енкодирање HTML, кеирање сесии и форми
  • Креирање и полнење база во MySQL
  • Конекција и манипулирање дата во MySQL со PHP
  • Разгледување на phpMyAdmin и основни функции
  • Програмирање контент менаџмент систем
  • Регулирање, енкрипција, пристап и автентикација на корисници
  • Креирање пермисии на фајлови и директориуми и нивно праќање и превземање
  • Работа со форми и електронска пошта
  • Креирање темплејти, библиотеки и MVC архитектура

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со:

  • Основно знаење за функционирањето на интернетот
  • Способност за сетирање на ПХП средина
  • Работа со корисници / логин системи
  • Прикачување / Снимање на датотеки
  • Превземање на рекорди од базата на податоци
  • Пишување на лесно одржлив код
  • Основи на Објектно ориентирано програмирање
  • Работа со сесии и колачиња
  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основно познавање од програмирање и HTML 5  & CSS3.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга за работа со PHP со MySQL - I ниво.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура