Почеток на курсот
14 Мај 2024
Број на часови
30
Цена на курсот
21.000 МКД

ReactJS

ReactJS е слободна за употреба JavaScript библиотека која се користи за креирање на еднострани мобилни и веб апликации како и повеќекратно употребливи елементи. Креаторот на ReactJS e Џордан Вок кој е софтверски инженер во Facebook, за чии потреби во 2011 година за прв пат се употребува оваа JavaScript библиотека. Во 2012 година и Instagram започнува со употреба на ReactJS. Денеска, листата на корисници на ReactJS е многу поголема и ги вклучува Netflix, New York Times, Yahoo! и Dropbox. ReactJS има навистина активна заедница на корисници и одлична документација. Како дел од React проектот, Facebook го креираше React Native кој работи на истиот начин како и ReactJS но се користи за креирање на мобилни апликации.
React им овозможува на корисниците да креираат големи мобилни и веб апликации кои можат да чуваат и менуваат податоци на страниците, без притоа истите да бидат повторно запишувани. Главната цел на ReactJS е да биде брз, лесно прилагодлив и едноставен за имплементација со други JavaScript библиотеки како што е AngularJS.

За кого е наменет овој курс

  • За сите оние кои сакаат да знаат како се креираат современите веб апликации
  • За сите амбициозни поединци кои сакаат да ја променат својата кариера и да се ориентираат на frontend програмирање

Содржина на курсот

  • Вовед во JavaScript и ES6
  • Вовед во React.js
  • Својства и состојби
  • Циклични методи
  • React патеки
  • HTTP побарувања со помош на axios и fetch
  • Управување на состојбата на апликацијата со Redux

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со:

  • Читаат и пишуваат React/JSX кодови и React компоненти
  • Планираат и постават околина за креирање на веб апликации
  • Креираат апликации кои ќе можат да работат на различни пребарувачи и платформи
  • Креираат SPA (Single Page Applications)
  • Пишуваат свои и да употребуваат веќе постоеќки библиотеки
  • Ја објават својата мобилна или веб апликација
  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека потребно е да имаат познавања од HTML5 CSS3 и HTML5 APIs.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга на англиски јазик “Functional web development with React and Redux“.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура