HTML5 & CSS3 - I ниво
Аплицирај
Почеток на курсот
26 Ное 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
11.500 МКД

За кого е наменет курсот

Тренингот за HTML5 претставува основен тренинг кој служи за запознавање со последните алатки и стандарди за изработка на предниот дел (frontend) од web страните и web апликациите. На овој тренинг се обработуваат HTML5, CSS3 и javascript технологиите кои се дефакто стандард кога станува збор за web, но кои полека навлегуваат и во сферата на мобилните апликации.
Целиот тренинг е конципиран за посетителот да се здобие со знаење кое ќе му овозможи планирање и креирање од едноставни, до web страни со средна комплексност.


Содржина на курсот

  • Oснови на HTML5 и форматирање на текст
  • Групирање на содржини
  • Креирање на табели и листи
  • Формулари
  • Основи на CSS3 и користење на селектори
  • Едноставно стилизирање на елементи
  • CSS модел на кутија (box model)
  • Планирање на HTML5 документ и пренесување на дизајнот во HTML5
  • Основи на javascript и објектен модел (DOM)
  • Користење на javascript библиотеки за полесно програмирање

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со:

  • Основно познавање на тоа како вебот функционира
  • Способност за планирање и исцртување на скалабилен дизајн
  • Знаење како да се одберат правилните слики, типографија и презентациски стил
  • Познавање на основните технологии кои се среќаваат во еден веб проект
  • Способност за читање и пишување на програмски код
  • Користење на визуелни елементи при композиција на дизајнот
  • Конверзија на графички дизајн во веб страна
  • Креирање на функционални и интерактивни компоненти
  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери и Windows.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга за работа со HTML5 & CSS3- I ниво.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура