HTML5 APIs & Javascript - II ниво


Аплицирај
Почеток на курсот
9 Окт 2019
Број на часови
30
Цена на курсот
13.000 МКД

За кого е наменет курсот

Тренингот за напреден HTML5 се бави посериозно со развој на предниот дел на секоја web страна/апликација. Самиот тренинг бара предзнаење од HTML5 и javascript. Тренингот опфаќа напредна работа со бројните javascript програмски интерфејси кои становаат глобален стандард во изработка на комплексни web но и мобилни решенија.
Целиот тренинг е конципиран за посетителот да се здобие со знаење кое ќе му овозможи изработка на комплексни и динамични web и мобилни решенија.


Содржина на курсот

  • Основни javascript структури во HTML5
  • Асинхрон javascript и XML (AJAX)
  • HTML5 платно (canvas)
  • Работа со прилагодлива (скалабилна) векторска графика (SVG)
  • Аудио и видео елементи
  • Геолокација на web клиенти
  • Жива комуникација преку web приклучоци (web sockets)
  • Користење на "повлечи и пушти" техники (drag & drop) во HTML5 апликации
  • Складирање на податоци во самиот прелистувач (web storage)
  • HTML5 апликации без Интернет конекција

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со:

  • Основно познавање на концептите на скриптни јазици
  • Познавање како да пишува и извршува Frontend JavaScript програми
  • Способност за структуирање и документација на код
  • Знае како да пристапи до оддалечени податочни ресурси
  • Менување на приказот на податоците во прелистувачот
  • Способност да креира веб страна која функционира во offline (без интернет) режим
  • Знае како програмски да пристапи до вградените функционалности на прелистувачот
  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека потребно е да имаат познавања од HTML5 & CSS3 - I ниво.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга за работа со HTML5 & CSS3- II ниво.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура