ISTQB® Foundation Extension Agile Tester
Аплицирај
Почеток на курсот
14 Јан 2019
Број на часови
16
Цена на курсот
550 ЕУР

Опис на курсот

Agile тестирањето е релативно нов пристап кон тестирање на софтвер кое ги следи принципите на развој на софтвер наведени во Agile Manifesto. Тестер на Agile проект ќе работи поразлично од тестер кој работи на традиционален проект. Тестерите мораат да ги разбираат вредностите и принципите кои ги поткрепуваат Agile проектите, и како тестерите се интегрален дел од целиот тим заедно со девелоперите и бизнис претставниците. Agile Extension ќе му овозможи на тестерот знаење со кое ќе може да биде дел од Agile тестинг тимовите и да постигне поголеми перформанси.

За кого е наменет

Професионалци кои се цел на овој курс:

  • Тестери со искуство со традиционални SDLCs.
  • Тестери со почетно ниво, со интерес за Agile тестирање
  • Искусни девелопери со многу до малку знаење за тестирање, кои работат на Agile проекти
  • Тестери, тест аналитичари, тест инженери, тест консултанти, тест менаџери, тестери за тестирање на апликацијата (user acceptance testers), софтвер девелопери
  • Поседување на ISTQB® Foundation сертификат е предуслов.

Содржина на курсот

  • Принципи на Agile развој на софтвер
  • Разлики помеѓу традиционални и Agile пристапи кон тестирање
  • Подобрување на процесите на тестирање преку вашето познавање на Agile проекти
  • Планирање на релевантни активности за тестирање (проценка на тестинг обидите)
  • Примена на релевантни методи, техники и алатки за тестирање
  • Препознавање на критериуми за квалитет во Agile проекти
  • Успешна соработка во Agile тимови
  • Основи на Agile развој на софтвер
  • Различни Agile пристапи
  • Разликите помеѓу тестирање во традиционални и Agile проекти
  • Тестирање во Agile проекти
  • Улоги и вештини на еден тестер во Agile проекти
  • Agile техники и методи на тестирање
  • Проценка на квалитативни ризици на производ во рамки на Agile проект
  • Проценка на тестинг обидите (test effort) врз основа на повеќе итерации и квалитативни ризици
  • Алатки за Agile проекти

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на ISTQB Training Department
+389 70 246 146, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За да можат да го полагаат Agile Tester Foundation Extension испитот за сертификација, кандидатите мораат да поседуваат ISTQB® Foundation серитификат.

Материјали за курсот

Како дел од овој курс ќе ги добиете следните материјали:

  • Презентации
  • Е-книги

Испит

  • Формат на испитот: онлајн.
  • Прашања: 40 прашања со повеќе одговори.
  • Испитот се положува со: 65%
  • Времетраење на испитот: 60 минути.
  • Надгледување: во живо

Сертификат: ISTQB Certified Tester Foundation Level – Agile Tester

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура