A4Q Certified Selenium Tester Foundation Level
Automation Testing


Аплицирај
Почеток на курсот
Број на часови
20
Цена на курсот
400 ЕУР

Опис на курсот

A4Q Certified Selenium Tester Foundation Level  е практичен курс за софтвер тестирање наменет за професионалци кои сакаат да се стекнат со основно познавање на Selenum WebDriver за креирање на автоматски тестови за веб апликации. По успешно завршување, учесниците самостојно ќе можат да креираат и да извршат автоматски тестови со Selenium WebDriver. Учесниците во курсот ќе учат за факторите кои треба да се земат предвид при одлучувањето за автоматизирање на тестирањето, како и специфични техники за навигација, интеракција со елементи на GUI, најавување, известување и многу повеќе.


Содржина на курсот

  • Вовед
  • Тестови за автоматска анализа
  • Интернет технологии за тест автоматика на веб апликации
  • Користење на Selenium WebDriver
  • Подготовка на скрипти за одржување

A4Q Selenium Tester Foundation е независна, меѓународно признаена сертификација која ќе ви послужи како доказ за експертиза во областа на автоматското тестирање со Selenium WebDriver.

  • По успешното завршување на курсот, ќе можете самостојно да креирате и извршувате тестови со Selenium WebDriver.
  • Ќе можете соодветно да ги примените принципите за автоматско тестирање за да изградите ефикасно и одржливо решение за автоматско тестирање.
  • Ќе можете да изберете и користите соодветни алатки за автоматско тестирање
  • Ќе можете да ги имплементирате скриптите на Selenium WebDriver кои извршуваат тестови за функционално тестирање на веб апликација.

Лице за контакт

Симона Ристевска
Административен асистент во ISTQB Training Department
+389 78 270 762, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на ISTQB Training Department
+389 70 246 146, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Потребно е слушателите да имаат познавање од областа на тестирање на софтвер и се препорачува основно познавање на програмирање со Python.

Материјали за курсот

Како дел од курсот ќе ги добиете следните материјали:

  • Книга
  • Индивидуални материјали со вежби и решенија
  • Индивидуални испити за вежбање, со решенија

Испит

Институтот iSQi препорачува учесниците пред полагањето на испитот да присуствуваат на тренинг спроведен од акредитиран провајдер.

  • Испитот за сертифициран Selenium Tester – Foundation Level се заснова на соодветниот курикулум на курсот. Испитните области се добро дефинирани во Целите за учење (Цели) на курикулумот.
  • Кандидатите имаат право да пријават полагање на испитот Certified Selenium Tester без претходно посетување на курсот.
  • Времетраење 60 минути.
  • Испитот се смета за положен со освоен резултат од 65%.

Сертификат: Certified Selenium Tester Foundation Level

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура