ECSA/LPT сертификација
EC-Council Accredited Training Center
Аплицирај
Број на пакети
1

ECSA/LPT сертификација

Анализирајте ги сигурносните закани и ранливости

Во курсот ECSA/LPT (EC-Council Certified Security Analyst/ Licensed penetration Tester) слушателите ќе се запознаат со аналитичката фаза на етичкото хакирање. Како продолжение на CEH курсот каде се учат хакерските алатки и методологии, во ECSA/LPT се пристапува еден чекор подалеку со помош на анализа на резултатите произлезени од алатките и методологиите. Преку револуционарни пенетрациски методи и техники за тестирање, овој курс ќе им помогне на слушателите да извршат интензивна проверка преку што ефективно ќе ги идентификуваат и предвидат ризиците на инфраструктурната безбедност. Учењето на понапредна употреба на достапните методологии, алатки и техники овозможува извршување на сеопфатен тест на информациската сигурност. Преку анализа на резултатите од тестирањето студентите ќе научат да ги идентификуваат сигурносните проблеми, како и да ги избегнуваат и елиминираат истите.

Овој курс e еден чекор поблиску до постигнување на Licensed penetration Tester на EC-council, што претставува интегрирање на слушателот во бизнис аспектот на пенетрациското тестирање.

ECSA/LPT сертификација

ИспитНаслов на курсотЧасовиЦена
412-79 EC-Council Certified Security Analyst/LPT
40
1 250 еур

За кого е наменет курсот

Овој курс е наменет за ревизори на банки, мрежни и систем администратори, веб администратори, професионалци за безбедност, лица одговорни за безбедност на информативниот систем и професионалци за анализа на ризици.

Овој курс ги подготвува слушателите за EC-Council ECSA испитот 412-79.

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на EC-Council Training Department
+389 71 262 728, секој работен ден 9:00-17:00
  • Обука во Семос Едукација - EC-Council Accredited Training Center
  • Инструктори со сертификат Certified EC-Council Instructor
  • Оригинални EC-Council книги
  • Оригинални EC-Council DVD-а со вежби и дополнителен материјал за курсот
  • Оригинален светски признат EC-Council сертификат во електронска форма

Потребни предзнаења за курсот

CEH, MCSA, Cisco CCNA или адекватно знаење

Сертификат: EC-Council Certified Security Analyst

Секој кој успешно ќе го положи испитот се здобива со титулата EC-Council Certified Security Analyst. Овој испит претставува предуслов за добивање на титулата Licensed penetration Tester.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура