ECIH сертификација
EC-Council Accredited Training Center
Аплицирај
Број на пакети
1

ECIH сертификација

Програмата EC-Council Certified Incident Handler (ECIH) е дизајнирана со цел да ги овозможи основните вештини за справување и реагирање при инциденти поврзани со компјутерска безбедност во информацискиот систем. Овој курс се фокусира на најразлични постоечки принципи и техники за забележување и реагирање на тековните и идните закани за компјутерската безбедност. Слушателите ќе научат како да се справуваат со најразлични видови инциденти, методологии за проценка на ризик, и најразлични закони и политики поврзани со справување со инциденти. По слушањето на овој курс, учениците ќе можат да создадат решение за инцидент и политики за реагирање, како и справување со најразлични видови на инциденти за компјутеска безбедност.

За кого е наменет

Овој курс значително ќе им користи на incident handler-и, администратори за проценка на ризик, тестери за пенетрација, инспектори за сајбер форензика, ревизори за проценка на ранливост, систем администратори, систем инженери, firewall администратори, менаџери за мрежа, ИТ менаџери, ИТ професионалци, и секој кој е заинтересиран за справување со и реагирање при инциденти.

ECIH сертификација

ИспитКурсЧасовиЦена
212-89  EC-Council Certified Incident Handler
16
750 еур

Содржина на курсот

  • Introduction to Incident Response and Handling
  • Risk Assessment
  • Incident Response and Handling Steps
  • CSIRT
  • Handling Network Security Incidents
  • Handling Malicious Code Incidents
  • Handling Insider Threats
  • Forensic Analysis and Incident Response
  • Incident Reporting
  • Incident Recovery
  • Security Policies and Laws

Овој курс ги подготвува слушателите за EC-Council ECIH испитот 212-89.

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на EC-Council Training Department
+389 71 262 728, секој работен ден 9:00-17:00

Зошто ECIH сертификација?

Програмата за обука за менаџмент на ИТ инциденти ќе им овозможи на слушателите одлично да решаваат и да реагираат на најразлични безбедносни инциденти, како што се инциденти поврзани со безбедност на мрежа, инциденти со злонамерен код, и закани од внатрешен напад.
Дополнително, слушателите ќе научат за компјутерската форензика и нејзината улога во справување и реагирање при инциденти. Курсот исто така вклучува тимови за реагирање при инциденти, методи за обука за менаџирање на инцидент, и детални техники за закрепнување по инцидент.

  • Обука во Семос Едукација - EC-Council Accredited Training Center
  • Инструктори со сертификат Certified EC-Council Instructor
  • Оригинални EC-Council книги
  • Оригинални EC-Council DVD-а со вежби и дополнителен материјал за курсот
  • Оригинален светски признат EC-Council сертификат во електронска форма

Сертификат: 

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура