CSCU сертификација
EC-Council Accredited Training Center
Аплицирај
Број на пакети
1

CSCU сертификација

Најслабата алка во синџирот на безбедноста?
CSCU – Certified Secure Computer User

Најслабата алка во синџирот на безбедноста?
Целта на курсот CSCU –Certified Secure Computer User e слушателите да ги научи на потребните знаења и вештини за да ги заштитат своите компјутери и електронски податоци, а со тоа да ги заштитат своите компании, домови и деца.
Позади курсот CSCU стои концептот дека луѓето се најслабата алка во синџирот на безбедноста и ниту една компанија, банка или владина институција,и покрај огромните инвестиции во најсовремени ИТ системи, е ранлива на хакерски напади поради човечкиот фактор.
Овој курс на слушателите им нуди една интерактивна средина каде што ќе научат за основните на различни компјутерски и мрежни безбедносни закани како што се кражба на идентитет, измами со кредитни картички, ризици на интернет банкарство, фишинг измами (собирање на лозинки и кориснички имиња ), вируси и тројанци, измами со е-меилови, недозволени порнографски содржини, губење на доверливи информации, хакерски напади и социјален инженеринг (техника на изнудување на доверливи информации од вработените во компаниите).
Уште поважно е тоа што научените вештини од курсот им помагаат на слушателите да ги преземат неопходните чекори за да ги намалат ранливостите и го зголемат степенот на безбедност на нивните компјутери.
Во време на нови технологии компјутери, дигиталните информации, електронски медиуми за интеракција, од непроценливо значење е нашата приватност и на нашите деца, а секако и на нашите компании.

CSCU сертификација

ИспитНаслов на курсотЧасовиЦена
112-12 Certified Secure Computer User
16 
133 еур

За кого е наменет курсот?

Курсот е наменет за сите корисници на компјутери, вработени во финансиски институции и банки, осигурителни компании, телекоми, владини институции и сл.

Овој курс ги подготвува слушателите за EC-Council CSCU испитот 112-12.

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на EC-Council Training Department
+389 71 262 728
  • Обука во Семос Едукација - EC-Council Accredited Training Center
  • Инструктори со сертификат Certified EC-Council Instructor
  • Оригинални EC-Council книги
  • Оригинални EC-Council DVD-а со вежби и дополнителен материјал за курсот
  • Оригинален светски признат EC-Council сертификат во електронска форма

Потребни предзнаења за курсот

За следење на овој курс потребно е основно предзнаење за употреба на компјутери, Office алатки, Интернет, емаил и сл.

Сертификат: Secure Computer User Specialist (CSCU)

После обуката студентите може да се спремат и да го полагаат испитот CSCU (112-12) и да се стекнат со титулата Secure Computer User Specialist (CSCU).

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура