CEH сертификација
EC-Council Accredited Training Center
Аплицирај
Број на пакети
1

CEH сертификација

Што е Етички Хакер?

Етички Хакер е личност која поседува знаење и вештини за пенетрација во мрежните и компјутерските системи преку користење на истите методи како хакерите, но со претходна согласност на организациите со што неговата работа станува легална. Хакирањето на сопствена иницијатива и без претходен договор и согласност претставува кривично дело. Во Македонија како и во многу држави, хакирањето е кривично дело.

Што е целта на курсот “Ethical hacking and countermeasures”?

Целта на овој курс е да ги научи IT професионалците на начинот на кој размислуваат хакерите, да се запознаат со хакерските методологии и да ги научат хакерските техники за напад. Преку демонстрирање на хакерски алатки за скенирање на мрежи па се до пробивање во компјутерски системи и откривање на нивните ранливости, слушателите ќе имаат можност да ја видат и осетат целата слика и претстава на работата на еден хакер.

За кого е наменет курсот?

Овој курс е наменет за ревизори на банки, мрежни и систем администратори, веб администратори, професионалци за безбедност, лица одговорни за безбедност на информативниот систем и сите останати кои се засегнати со интегритетот на мрежната инфраструктура и компјутерскиот систем.

CEH сертификација

ИспитНаслов на курсотЧасовиЦена
312-50 CEH: Certified Ethical Hacker - v10
40
1 250 еур

Содржина на курсот

  • Intrusion Detection
  • Policy Creation
  • Social Engineering
  • DDoS Attacks
  • Buffer Overflows
  • Virus Creation
  • и многу повеќе

Овој курс ги подготвува слушателите за EC-Council CEH испитот 312-50.

  • Обука во Семос Едукација - EC-Council Accredited Training Center
  • Инструктори со сертификат Certified EC-Council Instructor
  • Оригинални EC-Council книги
  • Оригинални EC-Council DVD-а со вежби и дополнителен материјал за курсот
  • Оригинален светски признат EC-Council сертификат во електронска форма

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на EC-Council Training Department
+389 71 262 728

Совладајте ги Хакерските Технологии

Компјутерите низ целиот свет се систематски малтретирани од насилничко хакирање. Ова хакирање не само што е распространето низ целиот свет, истото се извршува беспрекорно преку компромитирање на системот од страна на напаѓачите, крадење на сите информации што имаат вредност и целосно бришење на трагите во временски интервал од 20 минути.

Легален договор

Пред посетувањето на курсот задолжително е потпишување на договор со кој се изјавува дека слушателот нема да ги користи ново здобиените знаења за нелегални и малициозни напади и нема да ги употребува претставените алатки во обид да изврши компромитација на било кој компјутерски систем, како и дека ќе изврши обесштетување на EC-Council во случај на непочитување на користењето и злоупотреба на наведените алатки.

Потребни предзнаења за курсот

MCSA, Cisco CCNA или адекватно знаење.

Сертификат: Certified Ethical Hacker

Секој кој успешно ќе го положи испитот се здобива со титулата Certified Ethical Hacker.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура