CCNP Security обука и сертификација


Аплицирај
Број на пакети
1

Cisco Certified Network Professional

Семос Едукација ви нуди уникатна тренинг програма која ви ги дава потребните Cisco® CCNA вештини за потребите на пазарот.

CCNP Security обука и сертификација

Софтверот и мрежната инфраструктура стануваат се повеќе меѓусебно поврзани, создавајќи потреба за скалабилни, стабилни и безбедни решенија. Компаниите можат да ги искористат предностите на автоматизацијата за да скалираат и да го подигнат нивото на безбедност на својата мрежна инфраструктура. Како би ги искористиле можностите на новата генерација безбедности решенија, на денешните мрежни/систем професионалци потребен им е поширок спектар на вештини и подлабок фокус во клучните областите од мрежната технологија. Токму новата CCNP Security сертификациона програма е дизајнирана да ви овозможи поширок спектар и  подлабок фокус на новите технологии.

Новата CCNP Security тренинг и сертификациона патека е дизајнирана да ви помогне да ги потврдите вашите знаења на новата генерација безбедносни решенија. Тренингот и сертификацијата ги покриваат клучните технологии со фокус на област/и по ваш избор. Вие избирате каде ќе се фокусирате, вие избирате како да ја изградите вашата кариера.

Предуслов

Нема формални предуслови за полагање CCNP Security но треба да имате солидно познавање на темите од испитот пред да го полагате.

CCNP кандидатите треба да имаат три до пет години практично искуство во имплементација на решенија од областа на мрежна безбедност.

Лице за контакт

Цеко Тодоровски
Раководител на Cisco Official Training Department
+389 78 441 752, секој работен ден 9:00-17:00

CCNP Security сертификација

CCNP Security сертификацијата ги потврдува знаењата и вештините од областа на новата генерација безбедносни решенија.

Сертификат: CCNP Security

За да се стекнете со титулата CCNP Security треба да положите два испити, Core испит и уште еден Concentration испит по ваш избор.

  • Core испитот се концентрира на вашето знаење од областа на безбедносна инфраструктура. Овој испит исто така ве квалификува за стекнување на CCIE Security сертификација. Положувањето на овој испит ви помага да се стекнете со двата сертификати.
  • Concentration испитите се однесуваат на нови и релевантни теми од индустријата. Може да се подготвите за овие испити со тоа што ќе слушате соодветен официјален курс од Cisco програмата.

Ресертификација

CCNA Security сертификацијата е со важност од три години.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура