CCNP Collaboration обука и сертификација


Аплицирај
Број на пакети
1

Cisco Certified Network Professional

Семос Едукација ви нуди уникатна тренинг програма која ви ги дава потребните Cisco® CCNA вештини за потребите на пазарот.

CCNP Collaboration обука и сертификација

Новата CCNP Collaboration сертификацискa програма ве подготвува за денешните професионални работни задачи од областа на колаборациските (collaboration)  технологии. Во CCNP Collaboration сега се вклучени автоматизација и програмабилност со цел да ви помогнат полесно да ја скалирате вашата колаборациска (collaboration)  инфраструктура.

Еден од најценетите сертификати во ИТ индустријата, CCNP го утврдува вашето ИТ знаење и ви овозможува флексибилност за да се насочите во одредена област.

Сега секој испит во CCNP Collaboration патеката ви обезбедува индивидуална Specialist сертификација и на тој начин ќе бидете препознаени по вашите остварувања.

Предуслов

Нема формални предуслови за полагање CCNP Collaboration но треба да имате солидно познавање на темите од испитот пред да го полагате.

CCNP кандидатите треба да имаат три до пет години практично искуство во имплементација на решенија од областа на колаборација (collaboration).

Лице за контакт

Марко Серафимовски
Head of International Business Development
+389 78 441 867, секој работен ден 9:00-17:00

CCNP Collaboration Сертификација

CCNP Collaboration сертификација ги потврдува знаењата и вештините од областа на колаборациска инфраструктура.

Сертификат: CCNP Collaboration

За да се стекнете со титулата CCNP Collaboration треба да положите два испити, core испит и уште еден concentration испит по ваш избор.

  • Core испитот се концентрира на вашето знаење од областа на колаборациска инфраструктура  Овој испит исто така ве квалификува за остварување на CCIE Collaboration сертификација. Положувањето на овој испит ви помага да се стекнете со кој било од овие два сертификати.
  • Concentration испитите се однесуваат на нови и релевантни теми од индустријата. Може да се подговтвите за овие испити со тоа што ќе присуствувате на соодветен официјален курс од Cisco програмата.

Ресертификација

CCNP Collaboration сертификацијата е со важност од три години.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура