ITIL Intermediate. Service Transition
Аплицирај
Број на часови
24
Цена на курсот
900 ЕУР

Опис на курсот

Овој курс има за цел да им овозможи на слушателите, кои се веќе запознаени со основите на IT Service Management да применат добри практики во процесите кои се однесуваат на lifecycle фазата од Service Transition. Истиот ќе им помогне на кандидатите полесно да ги разберат процесите и улогите на Service Transition.

За кого е наменет

  • Поединци кои се стекнале со сертификатот V3 ITIL® Foundation во Service Management и кои сакаат да напредуваат на повисоко ниво со ITIL® сертификатите. Тоа ќе им овозможи на слушателите детално разбирање на фазата ITIL® Service Transition од lifecycle core на ITIL®, и како истата може да се имплементира за да се подобри квалитетот на обезбедување на ИТ услугите во рамките на една организација.
  • Поединци на кои овој курс им е од интерес ги вклучуваат ИТ професионалците кои работат во Service Transition средина и на кои им е потребно исклучително познавање на процесите, функциите и активностите кои се вклучени.
  • Поединци кои сакаат да се стекнат со ITIL® Expert сертификација во IT Service Management.

Содржина на курсот

  • Разбирање на важноста на Service Management во пракса
  • Водење дискусии за Service Transition
  • Разбирање на принципите и процесите на Service Transition
  • Спроведување вообичаени Service Transition активности
  • Ефикасно организирање на услугата Service Transition
  • Препознавање на функциите и активностите на Service Transition поврзани со технологијата
  • Разбирање на начинот на спроведување на Service Transition
  • Разбирање и анализа на предизвиците, критичните фактори за успех, и ризиците поврзани со Service Transition

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на ITIL Training Department
+389 70 246 146, секој работен ден 9:00-17:00

Времетраење: 3 денa

Сертификат:
ITIL® Intermediate 

ITIL® Intermediate сертификатот за Service Transition претставува дел од lifecycle серијата на Intermediate сертификациските модули, кои можат да се земат како самостојни квалификации или со цел за стекнување на доволно кредити за ITIL® Service Management Expert сертификатот. 

По завршувањето на курсот и задолжителната лична студија, слушателите ќе можат да го положат ITIL® Intermediate испитот за Service Transition и да се стекнат со 3 кредити.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура