ITIL Intermediate. Service Strategy
Аплицирај
Број на часови
24
Цена на курсот
900 ЕУР

Опис на курсот

Овој курс има за цел да им овозможи на слушателите, кои веќе се запознаени со основите на IT Service Management да применат добри практики во процесите кои се однесуваат на lifecycle фазата од Service Strategy. Ќе им помогне на кандидатите полесно да ги разберат процесите и улогите на Service Strategy.
Курсот е интерактивен, комбинирајќи презентации и групни вежби, со многу можности за прашања и дискусии.

За кого е наменет

  • Поединци кои се стекнале со сертификатот V3 ITIL® Foundation во Service Management и кои сакаат да напредуваат на повисоко ниво со ITIL® сертификатите. Тоа ќе им овозможи на слушателите детално разбирање на фазата ITIL® Service Strategy од lifecycle core на ITIL®, и како истата може да се имплементира за да се подобри квалитетот на обезбедување на ИТ услугите во рамките на една организација.
  • Поединци на кои овој курс им е од интерес ги вклучуваат ИТ професионалците кои работат во Service Strategy средината и на коие им е потребно исклучително познавање на процесите, функциите и активностите кои се вклучени.
  • Поединци на кои им е потребна  ITIL® Expert сертификација во IT Service Management.

Содржина на курсот

  • Разбирање на важноста на Service Management во пракса
  • Водење дискусии за Service Strategy
  • Дефинирање на услугите и пазарните простори
  • Спроведување на стратешки анализи
  • Применување на финансиски менаџмент и управување со побарувачката
  • Разбирање на начинот на водење на стратегија преку Service Lifecycle; Разбирање и анализа на предизвиците, клучните фактори за успех, и ризици поврзани со Service Strategy

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на ITIL Training Department
+389 70 246 146

Времетраење: 3 денa

Сертификат:
ITIL® Intermediate 

ITIL® Intermediate сертификатот за Service Strategy претставува дел од lifecycle серијата на Intermediate сертификациските модули, кои можат да се земат како самостојни квалификации или со цел за стекнување на доволно кредити за ITIL® Service Management Expert сертификатот. 

По завршувањето на курсот и задолжителната лична студија, слушателите ќе можат да го положат ITIL® Intermediate испитот за Service Design и да се стекнат со 3 кредити.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура