DASA DevOps курсеви
DevOps Agile Skills Association
Аплицирај
Број на пакети
1

DASA DevOps курсеви

DevOps Agile Skills Association (DASA) е отворена глобална заедница за развивање на DevOps и Agile вештини. Истата е организација базирана на заедница, отворена за учество на организации-членки кои помагаат да се дефинираат вештините базирани на улоги и наставните програми.

Принципи на DASA DevOps

DevOps е за искуства, идеи и култура да се создадат високо-функционални организации.
Постојат многу дефиниции за DevOps, и многу од нив соодветно објаснуваат еден или повеќе аспекти кои се потребни за да се пронајде текот во испораката на ИТ услуги. Наместо самите да се обидуваме да создадеме сеопфатна дефиниција, повеќе би сакале да ги нагласиме шесте принципи на DevOps кои сметаме дека се суштински при усвојување или мигрирање кон DevOps начин на работа.

Принципи
1 Customer-Centric Action
2 Create with the End in Mind
3 End-To-End Responsibility
4 Cross-Functional Autonomous Teams
5 Continuous Improvement
6 Automate Everything You Can

DASA competence model

Моделот за компетентност на DASA препознава 8 области на знаење и 4 области на вештини и однесувања кои се релевантни во DevOps. На секој професионалец кој работи во DevOps тим му се потребни сите 12 компетенции во различен степен. Истото е опишано во DASA професионалната програма за квалификација.

DASA DevOps е-образование

DASA овозможува модел на компетентност кој покажува што се всушност тие барања, и им помага на индивуалците, тимовите и организациите да ги надополнат своите вештини преку DASA квалификации.

КурсЧасовиЦена
DASA DevOps Fundamentals
24
680 еур

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на DASA Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

За да ја реализира својата поширока цел, DASA се стреми кон

  • Промовирање на рамка за знаења и вештини за DevOps, базирана на дефиниран комплет од принципи
  • Развивање на трговски неутрална DevOps квалификациска програма за професионалци
  • Поттикнување интерес и свесност за потребата за развој на знаења и вештини
  • Напреден квалитет на обука и open source сертификација за DevOps знаења и вештини
  • Map member training содржина кон улогата базирана на основата за компетентност

Сертификација

DASA DevOps Fundamentals

DevOps Fundamentals квалификацијата е дизајнирана да го обезбеди суштинското знаење потребно за да го изградите Вашиот DevOps вокабулар и да ги разберете неговите принципи и практики. Со помош на клучните DevOps концепти и терминологија, реални студии на случаи, примери и интерактивни групни дискусии и опширни вежби во секој модул вие ќе се стекнете со основно познавање на DevOps.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура