DASA DevOps Fundamentals
DevOps Agile Skills Association
Аплицирај
Почеток на курсот
19 Мар 2018
Број на часови
24
Цена на курсот
680 ЕУР

Сертифициран курс за DASA DevOps Fundamentals

DevOps обуката е почетната точка за една организација која тргнува на DevOps патување. Подобрени работни текови и побрзо користење започнува со суштинско разбирање на основните концепти на DevOps од страна на кое било лице вклучено во Agile и/или DevOps тим. Тридневниот DevOps Fundamentals Select курс овозможува опширен вовед во суштината на Agile DevOps принципите покривајќи го основното знаење и вештини дефинирани од страна на DevOps Agile Skills Association (DASA). Овој курс е дизајниран да овозможи суштинско знаење потребно да го изградите вашиот DevOps вокабулар и да се разберат неговите принципи и практики. Со помош на клучните DevOps концепти и терминологија, реални студии на случаи, примери и интеркативни дискусии во групи и опширни вежби во секој модул, Вие ќе се стекнете со основно познавање на DevOps.

Организации како Netflix, Spotify и Facebook ја трансформираат информатичката технологија со успешно спроведување на DevOps принципите. Но не мора да бидете популарна интернет комапнија или големо друштво за да бидете DevOps лидер. Големи и мали компании, стари и млади, совршено транзитираа и доказот за успех го имаат во своите џебови.

За кого е наменет курсот

  • Индивидуалци вклучени во ИТ развој, ИТ операции или ИТ менаџмент на услуги
  • Индивидуалци чија улога е во допир со DevOps и постојана испорака, како што се следните ИТ улоги:
  • DevOps инженери
  • Product Owners
  • Специјалисти за интеграција
  • Incident и Change менаџери
  • Систем администратори
  • Мрежни администратори
  • Бизнис менаџери
  • Automation архитекти
  • Enterprise архитекти
  • Тестери

Содржина на курсот

Модул 1: Вовед во курсот

  • Да се запознаеме
  • Преглед
  • DASA Competence рамка
  • Цели на курсот
  • DASA: Совладување на DevOps во пракса (знаење и вештини)
  • Агенда на курсот
  • Вид на активности
  • Испит
  • Книга за курсот
  • Техничка терминологија
  • Прашања и одговори
  • Активност: групна дискусија

Модул 2: Вовед во DevOps

  • Појава на DevOps
  • Активност: групна дискусија
  • Суштински концепти на DevOps
  • Активност: групна дискусија
  • Активност: групна дискусија

Модул 3: Culture

  • Суштина на DevOps Culture
  • Клучни елементи на DevOps
  • Спроведување на DevOps Culture
  • Активност: Групна дискусија

Модул 4: Организација

  • Организациски модел
  • Автономни тимови
  • Активност: групна дискусија
  • Архитектура за DevOps
  • Раководство

Модул 5: Процеси

  • Цели на модулот
  • Теми во модулот
  • Основи на процеси
  • DevOps во однос на ITSM
  • Активност: групна дискусија
  • Agile & Scrum
  • Активност: Task/Switching Game
  • Оптимизација на процеси со користење на Lean
  • Оптимизација на бизнис вредност и Анализа на бизнис со користење на Story Mapping

Модул 6: Автоматизација

  • Цели на модулот
  • 6А Концепти на автоматизација
  • 6А Концепти на автоматизација: Автоматизација за испорака на софтвер
  • 6А Концепти на автоматизација: Суштински концепти за постојана испорака
  • 6А Концепти на автоматизација: Концепти за автоматизација на постојана испорака
  • 6А Концепти на автоматизација: Фокус теми за автоматизација на постојана испорака
  • 6Б Автоматизација на дата центар
  • 6Б Автоматизација на дата центар: Cloud технологија и принципи
  • 6Б Автоматизација на дата центар: Концепти на Cloud услуги во DevOps организација
  • 6Б Автоматизација на дата центар: Автоматизирани концепти за Provisioning
  • 6Б Автоматизација на дата центар: Карактеристики на Platform производ и Зрелост на апликација
  • Активност: групна дискусија

Модул 7: Мерење и подобрување

  • Важност на мерењето
  • Избор на погодна метрика
  • Мониторинг и логирање

По завршувањето на овој курс Вие ќе го знаете следното:

  • Потеклото на DevOps
  • Суштинските концепти и принципи на DevOps
  • Што значи DevOps за вас како професионалец и за Вашата организација
  • Суштината на DevOps културата
  • Клучните елементи на DevOps културата
  • Важните аспекти при креирање на DevOps култура
  • Оперативните модели на DevOps
  • Потребата за автономни тимови
  • Влијанието на DevOps на архитектурата во однос на користење
  • Раководството во рамките на DevOps тимовите
  • Agile, Scrum и Kanban и како овие практики се поврзани една со друга
  • Начинот на кој ITSM процесите се поврзани со практиките во DevOps културата
  • Како се користи Lean за оптимизација на процесот
  • Како да овозможите value Stream Map за даден процес
  • Начинот на користење нови и иновативни идеаи
  • Влијанието на автоматизацијата на Software Delivery процесите
  • Придобивките и суштинските принципи на постојана испорака (Continuous Delivery)
  • Да ги опишете клучните cloud принципи за DevOps организациите
  • Релевантноста на мониторинг и логирање на DevOps

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на DASA Training Department
+389 70 349 030

Потребни предзнаења за курсот

Основно познавање на Agile, Scrum, Lean и принципи на ITSM.

Материјал за курсот

  • Книга за курсот (е-книга или тврда копија)
  • Референтна книга (е-книга)

Формат на испитот

  • Онлајн и во хартиена форма
  • Со затворена книга, кадидатите можат да донесат бележник
  • Надгледување во живо/ веб камера
  • Времетраење од 60 мин., 15 мин. дополнително време за странски кандидати
  • 40 прашања со повеќе одговори
  • По еден поен за секој точен одговор
  • Потребни се 65% за положување на испитот

Предуслови за испитот

Бидејќи не постојат формални предуслови, се препорачува кандидатот да ја има завршено обуката за DASA DevOps Fundamentals.

Локација на испитот

Оддалечена, на која било одобрена локација со веб камера (дом/канцеларија).

Сертификат: DevOps Fundamentals 

Успешните кандидати ќе се стекнат со DevOps Fundamentals сертификација од APMG и iSQI по положување на испитот за сертификација.

Предности

  • До 200 пати побрзо користење на софтвер
  • за 30 пати зголемена фреквенција на користење
  • 60 пати повисока стапка на успех.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура