Веб оптимизација и аналитика
SEO optimization, Google Analytics & Ads
Аплицирај
Почеток на курсот
30 Ное 2018
Број на часови
39
Цена на курсот
13.300 МКД

Опис на курсот

Овој курс успешно ќе Ве подготви за да ја подобрите функционалноста на Вашата веб страна, користејќи техники за веб оптимизација на содржини за пребарувачки машини и социјални медиуми, како и техники за анализа на рекламните кампањи и сето тоа во насока на зголемување на бизнисот и целокупното работење на компанијата на едно повисоко ниво.
Веб оптимизацијата (Search Engine Optimization - SEO) е многу корисна техника со која вашата веб страна може да се рангира на повисоко ниво на пребарувачите Google, Yahoo итн.
Google Analytics е бесплатна и моќна алатка за следењето на посетителите на вашата веб страна, која во комбинација со Google Ads, може да даде добри резултати во бизнисот гледано од аспект на следење на ефектите од рекламни кампањи во реално време.


Содржина на курсот

Веб оптимизација (Search Engine Optimization)

  • Улогата на дигиталниот маркетинг во една компанија
  • Вовед во пишување содржина за веб
  • Како да се креира содржина за целните групи
  • Техники и алатки за креирање содржини
  • Вовед во Search Engine Optimization (SEO)
  • Алатки за мерење на SEO перформанси на веб-страна
  • Користење на Google Search Console за оптимизација
  • Стратегија и истражување за клучни зборови Google Keyword Planner
  • Алатки и техники за анализа на конкуренција за клучни зборови
  • Оптимизација на содржина (текст, наслови, внатрешни и надворешни линкови)
  • Анализа на перформансите на оптимизација на една веб страна

Веб аналитика (Google Analytics & Ads)

  • Вовед во Google Ads, како функционира, кои се придобивките
  • Креирање акаунт и дефинирање цели за кампањи
  • Дефинирање на целни групи и буџет и наддавање
  • Дизајн на Landing Pаges и креирање кампањи со Google Ads
  • Алатки и техники за анализа на конкуренција
  • Вовед во Google Analytics, Дефинирање на KPI’s
  • Регистрирање на Google Analytics и поставување на веб страна
  • Основни прилагодувања, преглед на интерфејс и општите функционалности
  • Мерење и следење на кампањи со Google Analytics и поврзување со Google Ads
  • Евалуација на добиените параметри (Evaluation)
  • Извештаи преку Google Analytics (Custom reports and Dashboards)

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Веб дизајн Training Department
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Oсновни познавања за работа со компјутери и оперативниот систем Windows.

Материјал за курсот

Секој посетител ќе добие копија од книга за темите поврзани со Веб оптимизација и аналитика (SEO optimization, Google Analytics & Ads). Вежбите се дизајнирани на начин да Ви овозможат учење според вашите потреби и ритам на учење.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура