Adobe Premiere Pro CC
Adobe Premiere Pro CC + ACA испит
Аплицирај
Почеток на курсот
22 Ное 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
11.800 МКД

Опис на курсот

Adobe Premiere Pro, е апликација од суштинско значење за сите професионалци и ентузијасти кои работат со видео монтажа, и таа е најразвиена, ефикасна и прецизна алатка за видео едитирање која е на располагање. Premiere Pro поддржува широк спектар на видео формати, вклучувајќи AVCHD, HDV, XDCAM EX, HD и HD422, P2 DVCPRO HD, AVC-Intra, Canon XF, RED R3D, ARRIRAW, Digital SLR, Blackmagic CinemaDNG, Avid DNxHD, QuickTime и AVI фајлови и многу повеќе. 
Целта на овој предмет е запознавање со основите на видео-монтажа, како и да Ви помогне да се стекнете со Adobe Certified Associate (АСА) сертификат. Premiere Pro Ви овозможува да работите побрзо и покреативно без да ги конвертирате вашите медиуми. Комплетниот сет на моќни и ексклузивни алатки Ви овозможува да ги совладате сите редакциски, продукциски и телевизиски предизвици за да можете да одговорите високо-квалитетно на работните задачи.


Содржина на курсот

  • Како да започнете
  • Запознавање со Premiere Pro CC
  • Конфигурирање на проект
  • Внесување на медиум
  • Организирање на медиум
  • Основи на видео монтажа
  • Работа со клипови и маркери
  • Додавање на премини
  • Напредно техники за видео монтажа
  • Клипови во движење
  • Видео монтажа со повеќе камери
  • Додавање на видео ефекти
  • Корекција на боја и користење на Speed Grade
  • Креирање на титлови
  • Управување со вашите проекти
  • Снимање на излезни формати за слики, клипови и секвенци
  • Подготовка на испит

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со вештини да:

  • Креира проект и поставува параметри согласно намената
  • Внесува и организира медиум (видео, слика, аудио фајл)
  • Внесува и едитира постоечки видео материјал
  • Користи техники за видео монтажа, клипови во движење, маркери
  • Визуелно организира видео клипови во секвенци
  • Врши видео монтажа со повеќе камери
  • Додава ефекти и транзиции
  • Користи алатки за колор корекција
  • Креира титлови и графика
  • Снима излезни формати за слики, клипови и секвенци
  • Припрема видео фајлови за веб
  • Официјална обука во Adobe Авторизиран Тренинг Центар
  • Adobe Certified Instructors по најнови верзии
  • Лиценциран Adobe софтвер во училница
  • Официјална наставна програма од Adobe согласно најновото издание на книгите - Classroom in a book со вклучени вежби
  • Официјален сертификат за посета на курс издаден од Adobe
  • Можност за стекнување на меѓународно признат сертификат - Adobe Certified Associate (АСА) за соодветна Adobe апликација. Подготовката за АСА испит и еден ваучер за полагање се вклучени во цената на Adobe курсот.

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Adobe Training Department
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Oсновни познавања за работа со компјутери и оперативниот систем Windows.

Материјал за курсот

Најновото издание од книгата "Adobe Premiere Pro CC classroom in a book" е дел од официјалниот серијал за обука на Adobe софтверот, развиена со поддршка на Adobe експертите. Вежбите се дизајнирани на начин да Ви овозможат учење според вашите потреби и ритам на учење. Вклучен е сет од практични материјали за подготовка на испит.

Сертификат: Adobe Certified Associate in Video Communication Using Premiere Pro

Adobe Certified Associate (ACA) сертификацијата е одлична оценка за владеење со апликацијата која ги потврдува вештините во видео комуникациите користејќи ја Adobe Premiere Pro апликацијата. Сертификацијата на ова ниво помага да ја покажете посветеноста за академски успех и развој на кариерата.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура