Adobe Photoshop CC
Adobe Photoshop CC + ACA испит
Аплицирај
Почеток на курсот
22 Ное 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
11.800 МКД

Опис на курсот

Adobe Photoshop, синоним на совршеност на дигиталните фотографии, е апликација која обезбедува силни перформанси, моќни функции за обработка на фотографии со прегледна работна околина. Adobe Camera Raw, вклучена во Photoshop, нуди флексибилност и контрола во текот на работата со суровите фотографии, во TIFF и JPEG формат. Photoshop Ви дава алатки за дигитално уредување на фотографиите за многу лесна трансформација од кога било досега.
Целта на овој предмет е запознавање со графичкиот и веб дизајн, како и да Ви помогне да се стекнете со Adobe Certified Associate (АСА) сертификат. Наменет е за графички дизајнери, web дизајнери и за сите оние кои сакаат да се занимаваат со дизајн, без разлика дали се работи за печатење или on-line публикување.
Adobe Photoshop е избор на експертите за манипулација со фотографии, графичко дизајнирање, фото-ретуширање, веб дизајнирање, мултимедија, и многу повеќе. Алатките кои се лесни за користење ќе Ви овозможат брзо да постигнете софистицирани резултати во прилично мал временски период.


Содржина на курсот

  • Како да започнете
  • Запознавање со работната околина
  • Основни корекции на фотографија
  • Работа со селекции
  • Работа со слоеви
  • Quick fixes
  • Маски и канали
  • Типографски дизајн
  • Техники на векторско цртање
  • Напредна композиција
  • Цртање со четки
  • Едитирање на видео
  • Работа со Camera Raw
  • Подготовка за испит

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со вештини да:

  • Креира документ и поставува параметри согласно намената
  • Користи техники за селекција
  • Врши основни корекции на фотографија и стратегии за ретуширање
  • Подесува боја и тон
  • Организира слики со слоеви
  • Креира панорама од повеќе фотографии
  • Работа со маски и канали
  • Користи типографски дизајн во слика
  • Користи техники за работа со векторска графика
  • Создава напредни композиции од аспект на слоеви, филтри, ефекти и позадини
  • Работи со Camera Raw
  • Работи и создава 3D објекти во 3D околина
  • Подготвува слики за веб, печатење и видео
  • Официјална обука во Adobe Авторизиран Тренинг Центар
  • Adobe Certified Instructors по најнови верзии
  • Лиценциран Adobe софтвер во училница
  • Официјална наставна програма од Adobe согласно најновото издание на книгите - Classroom in a book со вклучени вежби
  • Официјален сертификат за посета на курс издаден од Adobe
  • Можност за стекнување на меѓународно признат сертификат - Adobe Certified Associate (АСА) за соодветна Adobe апликација. Подготовката за АСА испит и еден ваучер за полагање се вклучени во цената на Adobe курсот.

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Adobe Training Department
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Oсновни познавања за работа со компјутери и оперативниот систем Windows.

Материјал за курсот

Најновото издание од книгата "Adobe Photoshop CC classroom in a book" е дел од официјалниот серијал за обука на Adobe софтверот, развиена со поддршка на Adobe експертите. Вежбите се дизајнирани на начин да Ви овозможат учење според вашите потреби и ритам на учење. Вклучен е сет од практични материјали за подготовка на испит.

Сертификат: Adobe Certified Associate in Visual Communication Using Adobe Photoshop

Adobe Certified Associate (ACA) сертификатот е одлична оценка за владеење со апликацијата која ги потврдува вештините во визуелните комуникации користејќи ја Adobe Photoshop апликацијата. Сертификацијата на ова ниво помага да ја покажете посветеноста за академски успех и развој на кариерата.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура