Adobe Illustrator CC
Adobe Illustrator CC + ACA испит
Аплицирај
Почеток на курсот
4 Дек 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
11.800 МКД

Опис на курсот

Adobe Illustrator е апликација за векторско цртање и креирање на илустрации за печатен медиум, мултимедија, и он-лајн графики. Без разлика дали сте графички дизајнер, технички илустратор за печатено издаваштво, или сте уметник и креирате мултимедијални графики, или дизајнер на веб страници и интернет содржини, Adobe Illustrator Ви ги нуди алатките кои Ви се потребни за да добиете резултати со професионален квалитет.
Целта на овој предмет е запознавање со основите на векторските графики, чии димензии можат да бидат променети без никаква загуба на резолуцијата и квалитетот, како и да Ви помогне да се стекнете со Adobe Certified Associate (АСА) сертификат. Наменет е за графички уметници и дизајнери, илустратори, web дизајнери и за сите оние кои сакаат да се занимаваат со дизајн, без разлика дали се работи за печатено или on-line публикување. 
Објектите креирани во Adobe Illustrator можат да се печатат и прикажат прецизно на начинот за кој се дизајнирани. Дизајнирање на логоа, амблеми, симболи, уметнички графики, релевантни уметнички текстови и друго, станува лесно и забавно со Adobe Illustrator.


Содржина на курсот

  • Како да започнете
  • Запознавање со работната околина
  • Техники за селекција на векторска графика
  • Користење форми за креирање на векторска графика за разгледница
  • Уредување и комбинирање на форми и патеки
  • Трансформирање на векторска графика
  • Креирање на илустрации со алатки за цртање
  • Користење на боја со акцент на композиција
  • Додавање текст на постер
  • Организирање на вашата векторска графика со слоеви
  • Градиенти и патерни
  • Користење на четки за креирање постер
  • Користење на ефекти и графички стилови
  • Подготовка за испит

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со вештини да:

  • Креира документ и поставување параметри согласно намената
  • Користи техники за селекција
  • Црта основни форми и истите ги комбинира во сложени објекти
  • Врши прецизно цртање и прецртување
  • Трансформира и модифицира постоечка векторска графика
  • Користи боја со акцент на композиција
  • Работа со библиотеки
  • Употребува текст во зависност од графичката форма
  • Организира векторската графика со слоеви
  • Користи четки и креира нови
  • Користи ефекти и графички стилови
  • Претвора фотографии во векторски цртеж
  • Врши маскирање на графика
  • Подготвува векторска графика за веб, печатење и видео
  • Официјална обука во Adobe Авторизиран Тренинг Центар
  • Adobe Certified Instructors по најнови верзии
  • Лиценциран Adobe софтвер во училница
  • Официјална наставна програма од Adobe согласно најновото издание на книгите - Classroom in a book со вклучени вежби
  • Официјален сертификат за посета на курс издаден од Adobe
  • Можност за стекнување на меѓународно признат сертификат - Adobe Certified Associate (АСА) за соодветна Adobe апликација. Подготовката за АСА испит и еден ваучер за полагање се вклучени во цената на Adobe курсот.

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Adobe Training Department
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Oсновни познавања за работа со компјутери и оперативниот систем Windows.

Материјал за курсот

Најновото издание од книгата "Adobe Illustrator CC classroom in a book" е дел од официјалниот серијал за обука на Adobe софтверот, развиена со поддршка на Adobe експертите. Вежбите се дизајнирани на начин да Ви овозможат учење според вашите потреби и ритам на учење. Вклучен е сет од практични материјали за подготовка на испит.

Сертификат: Adobe Certified Associate in Graphic Design & Illustration Using Adobe Illustrator

Adobe Certified Associate (ACA) сертификацијата е одлична оценка за владеење со апликацијата која ги потврдува вештините во графичкиот дизајн и илустрација користејќи ја Adobe Illustrator апликацијата. Сертификацијата на ова ниво помага да ја покажете посветеноста за академски успех и развој на кариерата.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура