Програмирање во C# Ниво 1
Програмирање на графички апликации
Аплицирај
Почеток на курсот
24 Ное 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
6.800 МКД

Опис на курсот

Овој курс е наменет за воведување на децата во светот на програмирањето, свет во кој компјутерите не се само забава или помошно средство за работа, туку и алатка за креирање на сопствени апликации. Децата се воведуваат во светот на објектното програмирање низ едноставни вежби, чекор по чекор да ги сфатат основните техники на програмирање притоа изучувајќи го еден од најмоќните програмски јазици C#.


Содржина на курсот

  • Генерален опис на .NET Framework и запознавање со технологиите развиени од Microsoft
  • Запознавање со Visual Studio, мени, навигација, работни прозорци, креирање на прв проект и запознавање со структурата на проектот.
  • Запознавање со C#, синтакса, резервирани зборчиња, типови на податоци, оператори и структури за контрола на тек
  • Запознавање со низи во C# преку примери
  • Запознавање со колекции во C# ( листа, стек, ред, речник )
  • Запознавање со циклуси во C# преку примери
  • Графички апликации ( прва графичка апликација – Калкулатор )
  • Графички апликации ( втора графичка апликација – Слот машина )
  • Структури и класи во C#
  • Основи на објектно ориентирано програмирање ( апстракција, енкапсулација, наследување и полиморфизам )
  • Графичка апликација “Електронска училница”, која ќе содржи се што е учено во курсот
  • Секое дете работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатни прирачници за секој курс
  • Диплома за завршен курс

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на Детски Едукативен Центар
+389 71 262 728, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери и Windows.

Овој курс е наменет за деца над 12 години

Попуст

  • Доколку слушателот посетувал било кој од нашите курсеви, за секој нареден курс добива 15% попуст од основната цена.
  • За уплата на два курса однапред се добива попуст од 20% попуст на целосната сума.

Начин на плаќање

  • Во готово или со уплатница
  • Дебитна и кредитна картичка
  • Рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • На фактура