Основи на C++
Основи на C++
Аплицирај
Почеток на курсот
24 Ное 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
6.800 МКД

Опис на курсот

Целта на курсот „Програмирање C++ “ е ученикот да се запознае и да ја разбере суштината на програмските јазици како алатка за решавање на одредени проблеми од реалниот свет. Учениците по завршувањето на курсот треба ќе се здобијат со вештините за даден конкретен проблем да најдат алгоритам со кој точно би се решил проблемот и истиот да го имплементираат во програмскиот јазик С++. Учениците ќе имаат солидни познавања на развојната околина на програмскиот јазик С++, ќе ја владеат неговата синтакса и семантика. Тие ќе ги научат основните и понапредните техники на програмирање (ќе се запознаат со наредбите за влез и излез, избор, повторување, функции/процедури, еднодимензионални низи) кои ќе можат да ти применат при изработка на посложени проекти и во напреварите за програмирање.


Содржина на курсот

  • Вовед во програмирање
  • Запознавање со С++
  • Наредби за излез
  • Типови на податоци и операции со нив
  • Променливи и константи
  • Коментари и наредби за влез
  • Контролни структури и наредби за избор
  • Напредна употреба на контролни наредби за избор
  • Контролни структури и наредби за повторување
  • Напредни програмски концепти за контролни структури за повторување
  • Едно димензионални низи

  • Секое дете работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатни прирачници за секој курс
  • Диплома за завршен курс

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на Детски Едукативен Центар
+389 71 262 728, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери и Windows.

Овој курс е наменет за деца над 12 години

Попуст

  • Доколку слушателот посетувал било кој од нашите курсеви, за секој нареден курс добива 15% попуст од основната цена.
  • За уплата на два курса однапред се добива попуст од 20% попуст на целосната сума.

Начин на плаќање

  • Во готово или со уплатница
  • Дебитна и кредитна картичка
  • Рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • На фактура