Конкурс за стипендија
Затворен


Аплицирај

Конкурс за стипендија за академската 2022/23 год. се отвара на 23.02.2022 год.

Краен рок за аплицирање: 04 мај 2022 на полноќ - затворен

Од 2015 год. Семос Академијата редовно објавува конкурси за стипендии со актуелни и оригинални теми, се со цел да ги подржи младите и талентирани лица и да им овозможи бесплатно студирање (целосна стипендија) или студирање со 40% намалена школарина (делумна стипендија). За новата академска 2022/23 година, Академијата ќе додели вкупно 4 стипендии (2 целосни + 2 делумни) за две категории (графички и веб дизајн) во вкупен износ од 7.200 ЕУР.

* Семос Академијата за графички дизајн е првата и единствена акредитирана институција за пост средно образование која нуди специјалистичка квалификација на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации, од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Решение број УП113-1523 од 19.07.2019 год.

Правила за аплицирање

  • На конкурсот може да аплицираат сите полнолетни лица со завршено средно и/или високо образование и истите можат да почнат со настава во септември 2022 година.
  • Секој кандидат аплицира самостојно за една од категориите: Графички дизајн или Веб дизајн.
  • Апликацијата мора да ги задоволи барањата наведени за соодветната категорија, а со самото учество кандидатот целосно ги прифаќа официјалните правила пропишани од Семос Едукација.
  • Сите несоодветни пријави со насилна, непристојна, вулгарна, неразбирлива и копирана содржина ќе бидат дисквалификувани, додека нецелосните пријавите нема да бидат прифатени.
  • Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права.

За повеќе информации поврзани со конкурсот за стипендија, Академијата ќе организира Отворен ден на 17ти април, во чија агенда ќе бидат вклучени и прашања поврзани со конкурсот, но без очекувани сугестии и насоки за проектите.


Проектот за категоријата Веб дизајн треба да ја промовира дадената тема и да промовира концепт или можно решение за истата. Можеш да избереш во која форма ќе го изработиш проектот.

Се прифаќаат проекти во следните форми:

  • рачна или дигитална скица за дизајн на веб страна или веб/мобилна апликација (мора да се достави во скенирана форма) и/или
  • дизајн на веб страна или веб/мобилна апликација во софтвер по избор на кандидатот (мора да се достави во дигитална форма)

Проектот ќе се смета за целосен кога кандидатот ќе ја опише својата идеја за проектот во форма на есеј (краток текст) со максимум 200 збора.

Избор на победници

Сите уредно доставени апликации ќе бидат предмет на оценување од страна на независна жири комисија избрана од Академијата чија одлука ќе се смета за конечна.

Во процесот на селекција на кандидати ќе биде опфатено и тестирање за соодветната категорија:

  • за категоријата Графички дизајн, ќе биде спроведен креативен тест,
  • за категоријата веб дизајн ќе биде спроведен логички тест

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, додека кандидатите кои нема да бидат избрани ќе добијат известување по електронски пат.

Добитниците на стипендија во поединечната категорија ќе бидат објавени во јуни 2022 година.

Кандидатот кој добива стипендија истата мора да ја искористи за учебната 2022/23 година потпишувајќи договор за студирање.

Стипендии

Семос Академија ќе додели вкупно 4 стипендии за двете категории во вкупен износ од 7.200 ЕУР, за академската 2022/23 година.

  • СТРУЧНА ПРОГРАМА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН – 1 целосна + 1 делумна стипендија
  • СТРУЧНА ПРОГРАМА ЗА ВЕБ ДИЗАЈН – 1 целосна + 1 делумна стипендија

Вредноста на целосната стипендија изнесува 2.600 ЕУР, додека вредноста на делумната стипендија изнесува 1.000 ЕУР. Академијата го задржува правото да не ја додели делумната стипендија.

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Семос Академија за веб дизајн
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Аплицирај за стипендија

Временска рамка

23 февруари 2022 - Конкурсот е отворен

30 март 2022 - Online отворен ден во Академија

04 мај 2022 на полноќ - Краен рок за аплицирање

мај 2022 - Процес на селекција

јуни 2022 - Објавување на добитниците на стипендија

Критериуми за оценување

Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права. Не се прифаќаат проекти со насилна, непристојна, вулгарна и неразбирлива содржина.

Критериуми за оценување на проектите се:

  • Оригиналност и креативност
  • Одговор на темата и пишан есеј

Напомена: Со цел да ја објасниш твојата идеја или процес на работа, зачувај ги работните материјали од проектот во случај жири комисијата да ги побара во процесот на селекција.

 

Начин на апликација

Пополни ја on-line апликацијата во целост, а посебно внимавај на следното:

  • Избор на категорија за која аплицираш: Графички дизајн или Веб дизајн.
  • Оригинален проект, кој не смее да биде публикуван порано од 5 мај 2022 година.
  • Есеј (краток текст) за идејата на проектот со максимум 200 зборови.
  • Документите кои се прикачуваат не смеат да надминат 1GB.

Со притиснување на копчето „Submit“ се завршува процесот на аплицирање по што можеш да очекуваш повратен одговор на e-mail.