Конкурс за стипендија
Аплицирај

Конкурс за стипендија на тема
„ЗВУКОТ НА ГРАДОТ“

Конкурсот е спонзориран од страна на Семос Академијата и се однесува на доделување целосна или делумна школарина за академската 2018/19 година. Критериумите се однесуваат на стручните едногодишни програми: Графички дизајн и Веб дизајн.

Конкурсот е отворен за сите лица на возраст над 18 години и истите можат да почнат со настава во септември 2018 година. 

Со учество на овој конкурс кандидатот целосно ги прифаќа официјалните правила, додека Семос Едукација има право проектите на добитниците на стипендија да ги користи и публикува во медиумите на кои настапува компанијата.

Временска рамка

Конкурсот е отворен од 12 февруари 2018 година и трае 10 недели за сите кандидати кои ги исполнуваат дадените услови. Сите пријави мора да бидат примени од страна на Семос Академијата не подоцна од 24:00 часот на 22 април 2018 година.

Семос Академијата ја отвара вратата за сите заинтересирани лица кои размислуваат за сопствена едукација т.е. да се доквалификуваат или преквалификуваат во областа на графичкиот дизајн или веб дизајнот. За таа цел, Академијата ќе организира Отворен ден на 4ти април, во чија агенда ќе бидат вклучени и административни прашања поврзани со конкурсот, но без очекувани сугестии и насоки за проектите. 

Добитниците на стипендија ќе бидат објавени во јуни 2018 година, кога ќе се одржи официјалниот настан во Академијата – Изложба 2018.

Категории и критериуми за оценување

Натпреварот е отворен за сите лица на возраст над 18 години и истите можат да почнат со настава во септември 2018 година.

Секој кандидат аплицира самостојно за една од категориите: Графички дизајн или Веб дизајн. Пријавата мора да ги задоволува барањата наведени за соодветната категорија.

Сите несоодветни пријави со насилна, непристојна, вулгарна, неразбирлива и копирана содржина ќе бидат дисквалификувани, додека нецелосните пријавите нема да бидат прифатени.


Проектот за категоријата Графички дизајн треба да ја промовира дадената тема и да промовира концепт или можно решение за истата. Кандидатот има право на избор во која форма ќе го изработи проектот.

Се прифаќаат проекти во следните форми:

  • рачен или дигитален цртеж (мора да се достави во скенирана форма) и/или
  • дизајн на постер, манипулација на фотографија и/или илустрација (мора да се достави во дигитална форма во еден од следните формати: JPEG, PNG или PDF)

Проектот ќе се смета за целосен кога кандидатот ќе ја опише својата идеја за проектот во форма на есеј (краток текст) со максимум 200 збора.

Избор на победници

Сите уредно доставени апликации ќе бидат предмет на оценување од страна на независна жири комисија избрана од Академијата чија одлука ќе се смета за конечна.

Во процесот на селекција на кандидати ќе биде опфатено и тестирање за соодветната категоријата (за категоријата Графички дизајн, ќе биде спроведен креативен тест, додека за категоријата веб дизајн ќе биде спроведен логички тест). Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, додека кандидатите кои нема да бидат избрани ќе добијат известување по електронски пат.

Добитниците на стипендија во поединечната категорија ќе бидат објавени во јуни 2018 година.

Кандидатот кој добива стипендија истата мора да ја искористи за учебната 2018/19 година потпишувајќи договор за студирање.

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Семос Академија за графички дизајн
+389 71 223 993

Временска рамка

12 февруари - Конкурсот е отворен

4 април - Отворен ден во Академија

22 април - Краен рок за аплицирање

мај 2018 - Процес на селекција

1 јуни - Изложба 2018 и објавување на добитници на стипендија

Напомена

Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права. Не се прифаќаат проекти со насилна, непристојна, вулгарна и неразбирлива содржина.

Критериуми за оценување на проектите се:

  • Оригиналност и креативност
  • Одговор на темата

Со цел да ја објасните Вашата идеја или процес на работа, зачувајте ги работните материјали од проектот во случај жири комисијата да ги побара во процесот на селекција.

 

Начин на апликација

Кандидатот мора да го пополни on-line формуларот во целост, а посебно го потенцираме следното:

  • Избор на категорија за која аплицира: Графички дизајн или Веб дизајн.
  • Оригинален проект, кој не смее да биде публикуван порано од 12 февруари 2018 година.
  • Есеј (краток текст) за идејата на проектот со максимум 200 зборови.

Откако формуларот ќе се пополни во целост, со притиснување на копчето „Submit“ се завршува процесот на аплицирање и кандидатот ќе добие повратен одговор на личната e-mail адреса.

Стипендии

Семос Академија ќе додели вкупно 4 стипендии за двете категории во вкупен износ од 6.900 ЕУР, за академската 2018/19 година.

  • СТРУЧНА ПРОГРАМА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН – 1 целосна + 1 делумна стипендија
  • СТРУЧНА ПРОГРАМА ЗА ВЕБ ДИЗАЈН – 1 целосна + 1 делумна стипендија

Вредноста на целосната стипендија изнесува 2.450 €, додека вредноста на делумната стипендија изнесува 1.000 €. Академијата го задржува правото да не ја додели делумната стипендија.