Конкурс за запишување
Аплицирај

Конкурс за запишување студенти
на стручни студии во академската
2018/19 година

Семос Академијата распишува конкурс за запишување студенти на стручни студии по графички дизајн и веб дизајн во академската 2018/19 година со почеток на наставата на 17.09.2018 година. Школувањето трае една академска година во два семестри (зимски и летен), а наставата се посетува секој работен ден од понеделник до петок.

Услови и критериуми за запишување

Само полнолетни лица имаат право да се запишат на стручните студии во Семос Академијата со цел да се стекнат со стручно образование, како континуирано постсредно образование, преквалификација или доквалификација. Право на запишување имаа следните кандидати:

  • лица кои завршиле средно образование,
  • лица кои се редовни студенти,
  • лица кои завршиле високо или вишо образование.

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти во академската 2018/19 година со:

  • самофинансирање со можност за запишување до 17.09.2018 година,
  • добивање целосна или делумна стипендија согласно конкурсот за доделување стипендии.

Семос Академијата ќе објави конкурс за доделување на максимум 4 стипендии, на двете стручни програми за Графички дизајн и за Веб дизајн, во вкупен износ од 6.900 ЕУР, за академската 2018/19 година.

  • На стручната програма за графички дизајн ќе се доделат вкупно 2 стипендии (1 целосна и 1 делумна)

Конкурсот за доделување стипендии ќе биде објавен на 12.02.2018 год. и ќе има важност од 10 недели.

Кандидатите при запишувањето склучуваат Договор за стручна обука со Семос Едукација.

Цена и начин на плаќање

Редовната цена на школувањето изнесува 2.450 EUR (151 410 мкд).

Во цената се вклучени литература, полагање на 3 (три) официјални Adobe испит за здобивање меѓународни сертификати Adobe Certified Associate (ACA) за Photoshop, Illustrator и InDesign (Animate), како и учество на завршната изложба. За студентите кои имаат постигнато над 70% успешни резултати во текот на школувањето, имаат влез во системот за кариера кој овозможува давање препорака за пракса.

Начинот на плаќање, може да биде со:

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на еднакви месечни рати до јуни 2019 година. Првата рата изнесува 30 900 мкд

Запишувањето на кандидатите на стручни студии во Семос Академијата, се врши во неколку термини со дефинирани рани уплати согласно дадената табела.

Начин на плаќање за рана уплатаОдобрен попуст во еурОдобрен попуст во мкдЦена за уплата во мкд
Рана уплата од 15 мај до 15 јуни 2018 500 30 900 120 510
Рана уплата од 16 јуни до 20 август 2018 350 21 630 129 780
Уплата од 21 август до 17 септември 2018 200 12 360 139 050
Плаќање на еднакви месечни рати (max. 10). Првата рата изнесува 30.900,00 мкд 0 0 151 410

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Семос Академија за графички дизајн
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Академски календар за 2018/19 година

16 август 2018 - Отворен ден во Академијата

17 септември 2018 - Почеток на учебната 2018/19 година

17 септември до 28 декември 2018 - Настава во првиот семестар

28 јануари до 23 мај 2019 - Настава во вториот семестар

24 април 2019 - Отворен ден во Академијата

6 јуни 2019 - Изложба 2019, крај на учебната 2018/19 година

Број на студенти

Семос Академијата отвара вкупно 30 слободни места за запишување на студенти, на двете стручни програми за Графички дизајн и за Веб дизајн, во академската 2018/19 година.

На стручната програма за графички дизајн се примаат максимум 18 студенти.

Доколку има слободни места после датумот предвиден за почеток на настава, Семос Академијата ќе ги прифати новите пријави за запишување.

Пријава и документи за запишување

При запишување на стручни студии во Семос Академијата, кандидатот пополнува онлајн пријава и поминува влезно тестирање каде се врши проценка на нивото на компјутерски знаења и вештини, креативност и афинитет кон професијата. Кандидатот потребно е да ги достави следните документи:

  • Извод од матичната книга на родените;
  • Последна диплома за завршено формално образование.
    Диплома за положена државна матура за лица кои завршиле средно образование.
    Диплома за завршени студии за лица кои завршиле високо или вишо образование.

Документите се доставуваат секој ден од понеделник до петок од 10:00 до 16:00 часот, во просториите на Семос Едукација на Бул. К.Ј.Питу бр.19/6 во Скопје.

Место на изведување на студиските програми

Семос Академијата располага со 3 училници со вкупен капацитет од 30 места и наставата  ја изведува во просториите на Семос Едукација на Бул. К.Ј.Питу бр.19/6 во Скопје. Училниците се климатизирани и опремени со софистицирана компјутерска и презентациска опрема. Секој студент работи самостојно на свој компјутер.

Дополнителни информации

За сите заинтересирани, секојдневно даваме информации во просториите на Семос Академијата. Редовно се организираат отворени денови, каде заинтересираните ќе ги видат студентските проекти, ќе ги слушнат приказните на најдобрите студенти и нивните кариери, ќе се запознаат со тимот на професори...